5-те најскапи училишта во светот – над 100.000 евра за една година
Знаевте ли дека петте најскапи училишта за основци и средношколци се наоѓаат во Швајцарија?
Ова се престижни образовни институции за ученици во основно и средно, а програмите не се фокусираат само на академско знаење, туку се става огромен акцент на целокупниот развој на учениците.
Школарината во сите училишта на листата е над 100.000 евра годишно, а во дел од нив учеле и членови на кралски семејства.
Петте најскапи училишта во светот:
Institut auf dem Rosenberg
Престижното швајцарско училиште е едно од најелитните во светот и годината чини околу 176.000 евра.
Овде се запишуваат ученици од целиот свет, на возраст од 6 до 18 години, а училиштето е познато по персонализираните програми.
Во еден клас има од осум до десет студенти, а сите ученици можат да зборуваат најмалку три јазици.
Покрај часовите, учениците можат да се вклучат и во разни вонучилишни активности како тенис, голдф, јавање, мечување, скијање…
Aiglon College
Годишната школарина на елитното приватно училиште чини околу 103.000 евра.
Наставата се изведува според британски модел, а се обрнува многу внимание и на физичкиот, емоционалниот и социјалниот развој на учениците.
Поради ова, тие се мотивирани да бидат дел и од бројни вонучилишни активности.
Ова е всушност основно училиште, каде што учениците се на возраст од 5 до 13 години.
Institut le Rosey
Познато и како „училиште за кралеви“, Instituт le Rosey е можеби најпрестижното и најексклузивното училиште во светот.
Овде учеле кралот Хуан Карлос од Шпанија, кралот Алберт Втори од Белгија, кралот Фуад Втори од Египет…
Наставата се одвива на англиски и француски, а за 420-те ученици има 150 наставници.
Годишната школарина чини помеѓу и над 167.000 евра.
Учениците се на возраст од 8 до 18 години, односно опфатена е програма од основно и средно.
Collège Alpin Beau Soleil
Елитниот колеџ е сместен на Алпите, но покрај живописните пејзажи, нуди и врвно образование.
Учениците се на возраст од 11 до 18 години, а годишната школарина ги чини околу 140.000 евра.
Како и останатите установи на листата, и овде се става акцент на вонучилишните активности, кои се клучни за целокупниот развој на учениците.
И во овој колеџ учеле бројни членови на кралски семејства, како принцезата Мари од Данска и принцот Феликс од Луксембург.
Lyceum Alpinum Zuoz
Уште едно училиште сместено на швајцарските Алпи.
Училиштето е познато по обемната програма која има за цел да ги подготви учениците за факултетско образование.
Во еден клас има најмногу 18 ученици, на возраст од 11 до 21 година.
Годишната школарина чини помеѓу 105.000 и 126.200 евра.
Спирова С. | Црнобело