Шведски бон-тон правила што би сакале да почнат да се применуваат и кај нас
Никој не го прескокнува редот пред шалтер само за да праша нешто, а на автобуска станица никој нема да ви „дише во врат“ или да ве турка. За Швеѓаните таквото однесување е крајно некултурно.
Швеѓаните важат за еден од најсреќните народи во светот, а од нивните бон-тон правила, повеќето од нас можат да останат збунети.
Тие се водат од нивниот израз за умереност, познат како „лагум“, а тој е втемелен во нивното однесување и од такт ги вадат луѓе, кои не знаат како да ги контролираат сопствените емоции.
Можеби важат за ладнокрвни и студени, но тоа во основа се луѓе што имаат точно утврдени правила на однесување и до кои очекуваат дека треба сите да се придржуваат.
Кои бон-тон правила ги почитуваат тие и што би можеле да научиме од нив?
Бесмислени разговори
Токму заради тоа што не се впуштаат во разговор со секого и го почитуваат сопствениот и туѓиот приватен простор, Швеѓаните важат за студен народ.
Тие не сакаат да губат време на неважни работи и не се впуштаат во неважни разговори, само за да ја сузбијат тишината.
За нив е крајно непристојно случајно да им пријдете и да почнете да водите важни разговори.
Почитување на приватниот простор
На автобуска станица или постојка, Швеѓаните очекуваат секој да го почитува приватниот простор на другиот. Нема туркање и „дишење во врат“ на луѓето што се околу вас.
Продавачките си ја гледаат само својата работа
Ако сте од оние луѓе на кои им пречат продавачите што постојано одат со вас и се обидуваат да ве убедат да купите нешто, во Шведска ќе ви се допадне тоа што таму вработените си ја гледаат својата работа и ве оставаат сами да го најдете тоа што ви треба.
Понекогаш може да очекувате и никој да не ве поздрави кога ќе влезете во продавница.
Заборавете на бакнежите
Кога сè уште не се познаваат доволно добро, Швеѓаните се поздравуваат со ракување, а откако ќе се зближат може да се прегрнат.
Ним не им се допаѓа кога некој доаѓа и ги бакнува во образ, како што е вообичаено во голем број земји, па и кај нас.