5 ситуации во кои не треба да ја игнорирате интуицијата
Ако нешто ви вели дека сте во опасност, дури и ако сметате дека се наоѓате во безопасна средина, сепак не ја игнорирајте интуицијата.
Сите сме се нашле во ситуација кога сме се почувствувале како нешто да нè води кон некоја одлука.
Ова чувство е познато како интуиција и некогаш толку изразено, што ни се чини како некој глас или водич.
Некогаш интуицијата може да се нарече и „шесто сетило“ и иако можеби на прва ни делува како нешто измислено или натприродно, експертите сметаат дека сепак е реална.
Кога е многу изразена, експертите веруваат дека интуицијата е резултат на нашиот потсвесен когнитивен процес.
Односно, потекнува од деталите што ги забележуваме со нашата потсвест, но не секогаш и свесно.
Поради ова, некогаш е препорачливо да ја следиме нашата интуиција, како во следниве ситуации:
Сметате дека сте во опасност
Дури и ако не верувате во интуиција, кога ќе почувствувате дека сте во опасност или главно чувствувате страв за вашата безбедност, тргнете се од ситуацијата.
Сметате дека нешто што правите е правилно
Менување на работното место, раскинување, преселување – големите животни одлуки се страшни и нормално е да чувствувате анксиозност.
Но, ако нешто ви кажува дека го правите вистинскиот избор (и разумно сте ја донеле одлуката), тогаш можеби треба да ѝ верувате на интуицијата.
Возбуда за можност
Сигурно досега сте биле во ситуација или да сте многу возбудени за некоја можност, или да делувате рамнодушно.
Кога сте навистина возбудени, тоа веројатно е знак дека можеби треба да ја прифатите можноста што е пред вас.
Чувство дека имате проблем со здравјето
Освен ако не сте хипохондрик и постојано сте загрижени за здравјето, тогаш немојте да го игнорирате ова чувство.
Дури и ако немате некои изразени симптоми како болка, не игнорирајте ако нешто подолг период ви вели да одите на лекар.
Ништо нема да изгубите со еден преглед или консултација.
Чувство дека треба да помогнете некому
Ако се најдете во ситуација нешто да ве тера да ѝ помогнете на некоја личност, не го игнорирајте ова чувство.
Без разлика дали станува збор за некој кој паднал на улица, пријател кој периодов ве загрижува или нешто сосема друго, обично во вакви ситуации интуицијата не нè лаже.
Спирова С. | Црнобело