6 работи што луѓето со анксиозност сакаат да ги разбереме

Не можат да се ослободат од анксиозноста со позитивно мислење и доста често нема конкретна причина за лошите мисли и чувства.

6-raboti-shto-lugjeto-so-anksioznost-sakaat-da-gi-razbereme-01.jpg

Анксиозноста е мошне често ментално нарушување, но и покрај ова, постојат многу недоразбирања за неа.

Оние кои не ја искусиле некогаш не сфаќаат што точно се случува и може да им биде тешко да ги разберат симптомите.

Но, на луѓето со анксиозност им треба разбирање и поддршка од саканите.

Кои се шесте работи што треба да ги знаеме за луѓето кои страдаат од анксиозност?

Не можат туку-така да се ослободат од анксиозноста

Додека вежбите за дишење и позитивното мислење можат да имаат мал ефект, тие не можат да ја излечат анксиозноста.

Немојте да им викате на луѓето со анксиозност само да престанат да се грижат или да бидат оптимисти бидејќи анксиозноста не е само минливо лошо расположение.

Тие не сакаат и не избираат да бидат анксиозни туку, едноставно, немаат контрола над ова.

Анксиозноста може да биде пречка за многу работи

Анксиозноста може да биде пречка не само за големите животни цели, туку некогаш и за најобични работи, како дружба со саканите.

Некогаш анксиозноста ги спречува да прават работи што навистина ги сакаат.

6-raboti-shto-lugjeto-so-anksioznost-sakaat-da-gi-razbereme-02.jpg

Непријатните чувства се речиси постојани

Напнатоста, загриженоста и стравот кои произлегуваат од анксиозноста можат да бидат постојани.

А, само затоа што личноста со анксиозност ви делува дека е добро расположена, не значи дека во себе не се бори со целата сила за да ги скрие овие чувства.

Многу често нема конкретна причина за анксиозноста

Не ги прашувајте луѓето со анксиозност зошто се анксиозни бидејќи доста често навистина нема конкретна причина.

Анксиозноста е нарушување кое може да ги предизвика овие негативни чувства кога било, без никаков повод.

6-raboti-shto-lugjeto-so-anksioznost-sakaat-da-gi-razbereme-03.jpg

Анксиозноста има влијание и врз физичкото здравје

Иако е ментално нарушување, анксиозноста може да предизвика физички симптоми.

Покрај забрзаното чукање на срцето, може да се јави мачнина, замор, па дури и болки во телото.

Анксиозноста е полоша за оние кои страдаат од неа

Точно е дека и блиските на оние со анксиозност може да чувствуваат последици, како нарушен однос.

Но, не заборавајте дека анксиозноста е многу полоша за оние кои ја имаат.

Тие мораат да се справуваат со лошите мисли и чувства речиси константно, а притоа се загрижени и за влијанието што го имаат врз другите.

Па, покажете им разбирање и не правете да се чувствуваат виновно поради нарушувањето.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
5 работи што не треба да ги подарувате на домаќините за Св. Никола (и со што да ги замените) Со пари може да ги навредите домаќините, кои ќе помислат дека сакате да си ја пл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg