7 знаци дека сами на себеси си вршите булинг и како да си помогнете (низ илустрации)

Најчесто се зборува за насилството што го трпиме од другите, а често не сме ниту свесни дека сами на себе си вршиме насилство и се малтретираме.

7-znaci-deka-sami-na-sebesi-si-vrshite-buling-i-kako-da-si-pomognete-niz-ilustracii-01_copy.jpg

Можеби сметате дека е сосема нормално да бидете самокритични и понекогаш да си дадете некој негативен коментар, но не е во ред да дозволите вашата несигурност, анксиозност и сомнежи да ви ја нарушат самодовербата и да ви доминираат со животот.

Кои знаци укажуваат дека сами на себеси сте си најголем непријател и како можете да си помогнете?

Постојано се сомневате во себе

„Можеби не треба да ги споделам моите идеи. Што ако мислат дека сум глупав/а – подобро да си молчам“.

Добро е да се сомневате во себе, ако тоа ви помага да се трудите да бидете што е можно подобри и да бидете внимателни во животот.

Но, ако тие сомнежи ве оневозможуваат да одите напред во животот и ве попречуваат да се развивате, тоа се претвора во самоповредување.

Вие не се ни обидувате да вложите труд за одредени работи само затоа што веќе верувате дека нема да постигнете успех и тоа е еден од знаците дека сами на себе си вршите булинг.

7-znaci-deka-sami-na-sebesi-si-vrshite-buling-i-kako-da-si-pomognete-niz-ilustracii-02.jpg

Нереални очекувања

„Морам да ослабам 10 kg за еден месец. Сега или никогаш!“

Убаво е сами да си наметнеме одредени очекувања за да одиме напред во животот. Но, кога си создаваме нереални очекувања, многу е веројатно дека ќе бидеме разочарани од себе.

Исто како кога сме жртви на насилство од други лица, овие нереални очекувања што си ги наметнуваме оставаат трага врз менталното и емотивното здравје.

Кога од себе барате нешто што е невозможно, сами се определувате за пад, а без разлика на тоа колку и напорно да работите во иднина може да очекувате само да бидете разочарани, да „изгорите“ или да се чувствувате засрамени.

 7-znaci-deka-sami-na-sebesi-si-vrshite-buling-i-kako-da-si-pomognete-niz-ilustracii-03.jpg

Сами си доделувате погрдни имиња

„Навистина сум идиот. Ништо нема да постигнам во животот“

Ако ви пречи кога другите користат погрдни коментари и имиња за вас, зошто тогаш си дозволувате сами да си се оцрнувате.

Според психолозите, користењето на вакви погрдни коментари може да ви ја уништи самодовербата. Тоа покажува дека вие самите сте уверени дека сте помалку вредна личност од другите, а тоа го правите за да се чувствувате безбедно.

На некој начин како да очекувате дека другите ќе почнат да ве навредуваат, па го правите тоа, за да не им дадете шанса.

7-znaci-deka-sami-na-sebesi-si-vrshite-buling-i-kako-da-si-pomognete-niz-ilustracii-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
10 работи кои ако сте ги постигнале во животот - значи дека сте успеале Ако можете самоуверено да кажете „не“ во ситуации кога тоа е потребно, сте совла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg