3 причини зошто секогаш треба да ја слушате интуицијата

Во каква ситуација и да сте, кога срцето и мозокот ви се поделени на две спротивни страни, ви предлагаме 3 причини зошто да ја следите интуицијата.

3-pricini-zosto-sekogas-treba-da-ja-slusate-intuicijata-01.jpg

1. Интуицијата е обликувана од сите претходни искуства и знаењето кое сте го стекнале од нив

Што сте поискусни, толку поистренирана ви е интуицијата. Иако може да биде корисно да побарате трето мислење, сетете се дека никој не знае што е подобро за вас од вие самите. Земете го нивниот совет во обѕир, но на крајот вашата интуиција знае најдобро. Треба само да верувате дека имате се што е потребно да донесете добра одлука.


2. Вашата интуиција е кодирана во вашиот мозок како мрежа на факти и емоции

Токму заради тоа, интуицијата е моќна. Таа го поврзува вашето тело со вашиот дух. Оваа мрежа на факти  и емоции прави да се чувствувате експанзивно, возбудено и нервозно кога пред вас имате нов, вистински предизвик. Во спротивно, ако не треба да го прифатите, ќе се чувствувате преплашено, празно и летаргично.


3. Вашата интуиција ви ги поврзува сите нерви во телото

Пеперутките кои ги чувствувате во стомакот се токму тоа - милион нервни клетки кои се наоѓаат во вас и ви испраќаат порака дека сте ставени пред голема одлука. И во тој момент нема ништо посилно и поправилно од тоа да ги следите пеперутките.

Би можело да ве интересира:

12 причини зошто не сте им допадлива личност на луѓето (и малку ги нервирате) Не давате толку колку што добивате и заборавате дека реципроцитетот е важен, па ...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Растење со родители што се мразат и уште 12 тешки животни искуства (може да си поиграат со вашиот ум... Барање работа долго време и премореност од сите тие одбивања. Кое е вашето најте...
9 совети за безбедност за кога мислите дека некој ве следи Влезете во продавница каде што има луѓе, а пред влезната врата од домот ставете ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg