8 фрази што ги користат луѓето кои се лицемерни кон вас, за да ве манипулираат

„Не мисли толку многу“, „Заборави и опушти се“, „Не сакам да се фалам...“ Кои реченици може да бидат показател дека личноста не ви е вистински пријател, туку е лицемерна кон вас?

8-frazi-shto-gi-koristat-lugjeto-shto-se-licemerni-kon-vas-01.jpg

Колкупати ви се случило да не сте сигурни дали некои личности ви се вистински пријатели или се лицемерни?

Доволно е само да внимавате на советите што ви ги даваат и на начинот на којшто комуницираат со вас, и тогаш ќе знаете дали до вас имате вистински пријател или, пак, личност што само глуми дека е фина и љубезна со вас...

Кои фрази ги користат лицемерните луѓе?

„Опушти се, нема потреба толку да се грижиш“

Можеби на прв поглед ви изгледа дека оваа реченица би ви ја кажале луѓето што ви се вистински пријатели, но не е така.

Вистинските пријатели секогаш ќе знаат дека ви треба време за да се справите со сопствените тешкотии и дека понекогаш ви треба време за да се опуштите и дека вие нема магично да почнете да се забавувате само затоа што тие го побарале од вас.

Вистинските пријатели ќе ви дадат можност да се справите со сопствените проблеми и ќе ви пружат утеха, а лажните ќе ве туркаат да заборавите на грижите.

 8-frazi-shto-gi-koristat-lugjeto-shto-se-licemerni-kon-vas-02.jpg

„Не ми е јасно како е можно уште да си сингл...“

Најчесто ова некој ви го кажува како комплимент, но во вашата глава почнува да се врти прашањето: „Зошто, што ми фали мене? Дали јас сум виновен/на што луѓето не ме сакаат?“

Од една страна звучи како комплимент, а од друга ве наведува да почнете да размислувате за сопствените мани и недостатоци.

8-frazi-shto-gi-koristat-lugjeto-shto-se-licemerni-kon-vas-05.jpg

„Не мисли толку многу, сè ќе биде во ред“

Вистинскиот пријател што ве цени и почитува ќе биде тука за да ги сослуша вашите проблеми, нема веднаш да ви каже дека нема потреба да се грижите и да ја смени темата.

Запомнете, секој од нас има право сам да се справи со сопствените проблеми и да одреди колку време му е потребно за тоа. Вие магично нема да престанете да мислите на проблемите, само затоа што некој го побарал тоа од вас.

8-frazi-shto-gi-koristat-lugjeto-shto-se-licemerni-kon-vas-03.jpg

„Дали си сигурен/на дека сакаш да го направиш тоа?“

Навидум звучи како најдобронамерен совет, а всушност има за цел да ве натера да почнете да се преиспитувате дали сте донеле добра одлука или не.

По вака поставеното прашање, кај вас веднаш почнува да се буди сомнеж дали вашиот долгопосакуван сон воопшто вреди и дали вреди да ги преземете чекорите за кои веќе сте донеле одлука.

8-frazi-shto-gi-koristat-lugjeto-shto-se-licemerni-kon-vas-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg