8 фрази што ги користат луѓето кои се лицемерни кон вас, за да ве манипулираат
„Знаеш, јас сум само искрен. Ти го посакувам најдоброто“
Ако некој ја започне реченицата со зборовите „Не ми замерувај, ама јас сакам да бидам искрен/а“, тоа значи дека веднаш по неа следува некоја навреда.
Најчесто оваа реченица е претекст за некоја критика или зајадлив коментар, којашто луѓето ја користат како изговор за да можат да бидат некултурни, бесчувствителни или злобни.
Ако некој тврди дека е искрен без да води сметка за вашите чувства и емоции, тој всушност не е толку љубезен како што глуми дека е.
„Не сакам да се фалам, но...“
Кога некој ќе го започне разговорот со оваа реченица, можете да очекувате дека во продолжение само ќе се фали со сопствените постигнувања.
Со оваа реченица обично бараме некој да нè фали, ама се обидуваме да ги излажеме другите, но и себеси дека сме скромни.
Луѓето што се вистински скромни и искрени нема да се фалат со тоа, ниту пак ќе бараат начин да се наметнат себеси.
„Ќе ти помогнам, но и ти ќе мора да ми помогнеш“
Вистинското пријателство не доаѓа со услови, закани, премерувања на тоа кој колку и што направил за некого...
Оваа навидум проста реченица често може да се протолкува како „љубезен“ и „културен“ начин за манипулација.
„Тој/таа не се грижи за тебе, но јас се грижам“
Луѓето што се лицемерни често сакаат да ве изолираат од другите за во иднина да бидете целосно емотивно зависни од нив.
Не им верувајте на луѓето што тврдат дека никој друг не се грижи за вас, како што тоа го прават тие.
Б. С. Б. | Црнобело