7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично

Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите што другите ќе ги кажат за вас.

7-nachini-da-prestanete-da-gi-sfakjate-rabotite-lichno-01.jpg

Одвреме-навреме на сите луѓе им се повредени чувствата.

Без оглед дали тоа го направил некој близок пријател, колега, случаен минувач со непримерна забелешка, соученик, дете или родител, понекогаш ни треба долго време да ги надминеме овие коментари.

Но, време е да престанете да ги земате при срце сите работи што ќе ви ги кажат и да го живеете животот поопуштено, без многу стрес.

Па, како најлесно да престанете да ги сфаќате работите лично?

1. Сфатете дека неучтивоста на другите луѓе не е поврзана со вас.

Кога некој е непријатен и неучтив, тоа е најчесто рефлексија на неговите лични проблеми.

2. Запрашајте се дали имаат друго значење коментарот, односно однесувањето на луѓето.

На пример, ако некој не се смее кога се поздравува, можеби е едноставно срамежлив.

3. Прифатете ги коментарите и критиките на конструктивен начин.

Запрашајте се дали има вистина во работите што ви ги кажуваат, и ако сфатите дека луѓето се во право, тогаш обидете се да извлечете лекција и да научите нешто од тоа.

7-nachini-da-prestanete-da-gi-sfakjate-rabotite-lichno-03.jpg

4. Наместо да се лутите и да вратите во иста мера, погледнете на ситуацијата од друга перспектива.

Запрашајте се како истата ситуација би изгледала преку очите на непристрастен набљудувач.

5. Имајте предвид дека не можете да ги задоволите сите на овој свет.

Секогаш ќе има некој што нема да размислува исто како вас или никогаш нема да се сложи со вашето мислење.

6. Бидете свесни дека грешките што ги правите или критиките на ваша сметка не треба да ве дефинираат.

Сепак сте човек кој греши, но и умее да ги исправи работите.

Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите што другите ќе ги кажат за вас.

Извор

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
24 работи што треба да престанете да ги правите во 2024 (за да бидете посреќни и поуспешни) Престанете да им посветувате време на погрешните луѓе, да се плашите да влезете ...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg