Секоја соба треба да си има своја билка
Собните билки се мелем за оној дел од нас кој мечтае за природата.
Зеленилото, како што покажале бројни истражувања го намалува стресот, делува смирувачки кај хиперактивните деца и ја подобрува концентрацијата и расположението.
Покрај сето тоа билките во домот на големо го подобруваат квалитетот на воздухот. Според истражувањата на НАСА, собните билки можат да отстранат до 87 % од загадувањето во воздухот.
Паметното поставување овозможува голема корист за вашето семејство, поради тоа проверете која билка е најпогодна за одредена просторија во домот.
Спална соба – Алое вера
Мудро е да ја поставите алое верата блиску горниот дел од креветот затоа што за разлика од бројни други собни билки, таа во текот на ноќта испушта кислород, а при тоа апсорбира јаглерод диоксид.
Кујна – Зелен лилјан
Додека готвите создавате многу кујнска пареа, па отпорниот зелен лилјан ќе го впие нечистиот воздух. Не бара многу светлина, топлина и вода затоа е лесен за одржување. Притоа го апсорбира јаглерод моноксид.
Трпезарија – Палма арека
Оваа билка отстранува бројни токсични супстанци од просторијата, а исто така ја зголемува и влажноста на воздухот. Според истражувањето на НАСА, Палма арека со височина од 1,8 метри испушта околу литар вода во текот на 24 часа, што ја прави вистинска конкуренција на електричните освежувачи.
Дневна соба – Мирен лилјан
Едноставна за одржување, оваа убава собна билка не само што ги намалува штетните испарувања на хемиските средства во домот, бојата од ѕидовите и мирисот на новиот мебел, туку и ги елиминира штетите зрачења од мониторите и ТВ екраните.