Бабински мудрости кои науката ги докажала

Денес колку и да се игнорираат старите верувања, факт е дека луѓето кои живееле и се воделе по тие правила успевале да се излечат или да си помогнат во животот, посебно кога станува збор за бременоста или децата.

stari-veruvanja-koi-naukata-gi-dokazala-01.jpg

Еве неколку верувања кои науката докажала дека се вистинити:


1. Долгото породување значи дека веројатно раѓате момче

Поголемиот дел од митовите околу породувањето се целосна бесмислица и невозможно е да знаете дали носите момче  или девојче на основа на тоа како ви изгледа стомакот.

Сепак, постои едно верување кое е потврдено од науката. 8.000 породувања потврдуваат дека мачките деца се раѓаат со нешто поголема глава и тоа може да го отежни породувањето, па да трае подолго.


2. Врелите купки ја оштетуваат спермата

Топлината и спермата не се добра комбинација, а тоа е потврдено и со истражувањата направени на Универзитетот во Калифорнија. Мажите на кои им е тестирана спермата откако поминале 30 минути во врела купка имале далеку полоши резултати од оние кои не биле изложени на врела вода.


3. Морковите го подобруваат видот

Колку пати додека сте биле мали ви било кажано да ги јадете морковите од манџата. Бидејќи така подобро ќе гледате? Старите не биле далеку од вистината.

Морковите содржат бета-каротен и витамин А кои се клучни состојки за здрав и функционален вид. Меѓу другото, витаминот А го намалува ризикот од добивање на катаракта.


4. Сирењето може да предизвика чудни соништа

Долго време се сметало дека консумирањето на млечни производи пред спиење може да предизвика чудни соништа е само недокажан мит. Но, едно истражување објавено во Велика Британија го потврдува ова верување.

Тестирале 200 испитаници кои јаделе различни видови на сирење и се потврдило дека тие имаат чудни соништа таа ноќ.


5. Киселините за време на бременоста значи дека детето има многу коса

Голема е веројатноста дека сте слушнале за ова дури и да немате деца, бидејќи не постои постара жена која не верува во ова тврдење.

Овој мит решиле да го потврдат докторите од Џон Хопкинс, но откриле нешто друго. Зголеменото ниво на хормони кои доведуваат до ждригање и киселини предизвикуваат и раст кај бебињата, но не на косата, туку на нивните коски.


6. Медот ја ублажува кашлицата

Сега и науката стои зад верувањето дека кашлицата можете да си ја ублажите ако пиете топол чај и во него додадете лимон и мед, а некои истражувања покажуваат дека овие состојки имаат далеку посилно дејство од стандардните сирупи против кашлица.

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Поправен дом во САД како од хорор-филм: Децата биле мачени и убивани, властите не сакале да го затво... Поправен дом во Флорида работел повеќе од еден век, и покрај бројните пријави и ...
Низ илустрации: Застарени верувања кои треба да ги оставиме во минатото Мажот не смее да стапне во кујна бидејќи готвењето е женска работа и уште 7 заст...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg