Стари верувања дека некој „фрлил клетва“ на вашата куќа: Лоша среќа, наоѓање чудни предмети

Во народот од колено на колено се пренесуваат разни верувања и суеверија. Кои се знаците дека некој „фрлил клетва“ на вашиот дом според старите народни верувања? Дали и вие верувате во нив?

ve-sledi-losha-srekja-i-naogjate-chudni-predmeti-znaci-koi-ukazuvaat-deka-vrz-vashata-kukja-e-frleno-prokletstvo-01_copy.jpg

Доколку во домот и семејството одеднаш почнат да се случуваат лоши работи, некои луѓе веруваат дека куќата ја следи некакво проклетство.

Многумина тоа го поврзуваат со посетата на некоја личност на домот.

Без разлика дали верувате или не во клетви и слично, секогаш е интересно да се проучат старите народни верувања.

Па, кои се знаците дека некој „фрлил клетва“ на вашиот дом според овие верувања?

Игла во вратата

Се верува дека класичниот начин да се фрли клетва на куќата е да се забоде игла на влезната или на некоја друга врата. 

Според верувањата, иглата не треба да ја отстраните сами, туку тоа треба да го направи некој што не живее во таа куќа.

ve-sledi-losha-srekja-i-naogjate-chudni-predmeti-znaci-koi-ukazuvaat-deka-vrz-vashata-kukja-e-frleno-prokletstvo-02.jpg

Земја на прагот

Доколу на прагот од вашиот дом пронајдете купче земја, што личи на прашина, се верува дека некој сака да ви наштети.

Се верува дека земјата треба да ја исчистите и потоа да ја фрлите.

ve-sledi-losha-srekja-i-naogjate-chudni-predmeti-znaci-koi-ukazuvaat-deka-vrz-vashata-kukja-e-frleno-prokletstvo-03.jpg

Растенијата во куќата почнуваат да венеат

Цвеќињата во куќата за некои луѓе не се само украс и декорација, туку сметаат дека тие го штитат домот од „зли очи“. 

Ако непријателот имал пристап до вашата куќа, тогаш веројатно скрил проколнат предмет во земјата од цвеќињата.

Според верувањата, растенијата први го примаат ударот на лошата енергија и почнуваат да венеат.

ve-sledi-losha-srekja-i-naogjate-chudni-predmeti-znaci-koi-ukazuvaat-deka-vrz-vashata-kukja-e-frleno-prokletstvo-04.jpg

Необичен предмет

Доколку дома немате најдено ниту иглички ниту купче земја, но се сомневате дека неволјите во вашиот живот се резултат на проклетство, време е да ја проверите куќата и да видите дали во неа има некакви непознати предмети.

Според некои верувања, чудните и необични предмети во домот можат да бидат знак за проклетство.

ve-sledi-losha-srekja-i-naogjate-chudni-predmeti-znaci-koi-ukazuvaat-deka-vrz-vashata-kukja-e-frleno-prokletstvo-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Низ илустрации: Застарени верувања кои треба да ги оставиме во минатото Мажот не смее да стапне во кујна бидејќи готвењето е женска работа и уште 7 заст...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Ситници во домот за кои гостите нема да ви преречат, но сигурно ги забележуваат Валкан под во кујната и мали дефекти низ домот – за кои ситници гостите можеби н...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...
На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)? Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традиции...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg