Рецептот за среќен живот: Анализирајте си ги своите животни приоритети

Ако некогаш сте се прашувале во што се состои среќата во животот, сигурно сте расчистиле дека тоа не се пари, статус, моќ или сила.

Receptot-za-srekjen-zhivot-Analizirajte-si-gi-svoite-zhivotni-prioriteti-01.jpg

Туку, во внатрешното чувство на исполнетост кое се постигнува со баланс во сите сегменти на вашиот живот. Секојдневното потсетување на нив не враќа на суштината, кога многуте обврски ќе ни се натрупаат и мора да го правиме она кое што не ни се вклопува во долгорочните планови.

За да останете сконцентрирани на важните аспекти од вашиот живот – практикувајте ги овие работи:

1. Направете си листа на животни приоритети оценете ги од 1 – 10 според тоа колку сте задоволни од тој аспект на животот.

2. Напишете си по една работа која би можеле да ја направите во наредната недела за да го подобрите тој сегмент од вашиот живот.

3. Ниту еден план не се реализирал само со желба, туку со работа – уште денес тргнете по она што ви е важно.


Еве и неколку прашања кои би можеле да ве одведат до поголема среќа во животот:


Здравје

Дали сте задоволни од енергијата која ја имате? Дали водите сметка за исхраната, вежбањето, дали доволно одмарате? Што правите да се опуштите од секојдневниот стрес?


Фамилија – пријатели

Дали имате време за оние кои ве сакаат?


Кариера

Што треба да се случи за да се почувствувате успешно?


Пари

Колку приходи ви се потребни за да бидете задоволни? Напишете или направете план кој ќе ве ослободи од секојдневниот стрес околу трошењето пари и заработката.


Уживање

Што ви служи работата ако немате време за уживање во она што го сакате? Одморот е во основата на сите активности, како што е платата е уживање за она кое го работите во животот.

Би можело да ве интересира:

„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg