14 работи за кои ви треба храбро срце – Дали го имате?
Храброст... Збор кој понекогаш се граничи со лудост, но често пати со апсолутна среќа. Оние кои ја поседуваат оваа карактеристика се вели дека имаат лавовско срце. Но, дали и вие сте меѓу нив?
За колку од овие работи сте способни?
1. Дали признавате кога не сте во право?
2. Дали го правите она што верувате дека е исправно, дури и кога мнозинството го прави спротивното?
3. Колку често разговарате со некој кој не го познавате?
4. Дали кажувате НЕ кога луѓето ве тераат да направите нешто што не би смееле?
5. Дали ја кажувате вистината со прифаќате на последиците?
6. Дали цврсто стоите до она во што верувате, и покрај потсмевот и болката која ви ја нанесуваат другите?
7. Колку често ги браните луѓето кои се неприфатени од мнозинството?
8. Дали се соочувате со ограниченоста?
9. Дали им се спротивставувате на стравовите?
10. Дали се жртвувате за оние кои ги сакате?
11. Дали имате храброст да бидете единствени?
12. И да преземете ризик по секоја цена?
13. Дали го делите срцето со другите, вклучувајќи ги насобраните емоции, стравови и неуспеси во него?
14. Дали живеете со целото срце, умот, силата и душата – без оглед на цената?