9 трикови кои ќе ви го променат летото

Решивте да ги почестите пријатели со скара овој викенд и сакате да ја подготвите и послужите кај вас во двор? Имаме 9 трикови кои ќе ви го олеснат целото планирање.

9-trikovi-koi-ke-vi-go-promenat-letoto-001.jpg

1. Како да ги одржите пијалаците студени?

Отворете еден тетрапак картон од горната страна и во него ставете го шишето кое сакате да го изладите. Наполнете ја внатрешноста со вода и замрзнете. За декорација како на сликата може да додадете парчиња лимон, портокал или шарени ливчиња.

9-trikovi-koi-ke-vi-go-promenat-letoto-01.jpg


2. Како да не ви се лепи месото за плотната?

Премачкајте ја плотната или решетката за скара со половина кромид ако сакате да го спречите лепењето. Потоа подгответе ја скарата како и обично.

9-trikovi-koi-ke-vi-go-promenat-letoto-02.jpg


3. Како да ги избркате инсектите од масата?

Наполнете неколку тегли со обична вода и додадете неколку парчиња обичен и зелен лимон. Ставете неколку капки етерично масло од лаванда или лимон плус неколку гранчиња рузмарин. Тогаш ставете мала свеќа во средината и запалете ја.

9-trikovi-koi-ke-vi-go-promenat-letoto-03.jpg


4. Како да послужите лубеница за десерт?

Овој трик ќе ве спаси од губењето на половина час за да послужите совршени парчиња.

9-trikovi-koi-ke-vi-go-promenat-letoto-04.jpg


5. Како да послужите полнети банани за десерт?

Излупете еден мал дел од бананата и наполнете ја со пенливи бонбони, бисквити и парчиња чоколадо. Потоа вратете ја кората и завиткајте ја бананата во алуминиумска фолија. Печете внимателно 10тина минути на скара.

9-trikovi-koi-ke-vi-go-promenat-letoto-05.jpg


6. Како да ги одржите пијачките студени цел ден и да ја декорирате масата воедно?

Замрзнете неколку водени балони, ставете ги во голем стаклен сад и ставете го алкохолот.

9-trikovi-koi-ke-vi-go-promenat-letoto-06.jpg


7. Како да ги послужите сосовите?

Павлаката, сенфот, тартарот и сите сосови кои ќе ги подготвите лесно можете да ги послужите во калап за мафини.

9-trikovi-koi-ke-vi-go-promenat-letoto-07.jpg


8. Како да ги заштитите пијачките од бубачки?

Врз чашата ставете една голема украсна корпа за колачиња и во средина дупнете едно дупче за цефка.

9-trikovi-koi-ke-vi-go-promenat-letoto-08.jpg


9. Како да направите длабок сад од хартиени чинии?

Ако не ви се валкаат чинии, лесно и креативно може да ги искористите хартиените чинивчиња без да делуваат евтино. Исечете ги страните на 4 делови, свиткајте и врзете со коноп.

9-trikovi-koi-ke-vi-go-promenat-letoto-09.jpg

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg