Како да организирате есенска венчавка?
Одлучивте вашиот најубав љубовен ден да го прославите оваа или идната есен? Сакате тематска, златесто обоена венчавка?
Со овие неколку совети испланирајте ја венчавкаta од соништата:
1. Кога ќе треба тематски и колоритно да ја одредите вашата венчавка, одбирајте ги есенските тонови. Портокаловите, неутрално кремастите и темно кафени тонови нека ви бидат основата на облеката, на вашиот букет и на декорациите на салата.
2. Декорацијата на масите и столчињата нека бидат есенски. Искористете ги мини тиквите, сувите листови и костените во комбинација со неколку свеќи плус за да постигнете топла и романтична атмосфера.
3. Кога на ред ќе пристигне десертот, излезете од рамките и границите. Наместо една голема торта одлучете се за мали колачиња со мирис и вкус на есента.
4. Цветните декорации на салата заменете ги со едно големо импровизирано дрво на чии гранки ќе висат фотографии од вас и вашата сакана половина. Чувството ќе биде магично и единствено!
5. Доколку сте отворени и нетрадиционални младенци, додадете неколку ваши детали. Наместо високи потпетици, облечете ги омилените чизми. Наместо бела наметка, облечете крзнено палто во крем боја и додадете впечатлив накит. На гостите поделете им топла шолја чај од ванила или јаболко и цимет пред церемонијата. Бидете свои и оригинални!