Уживајте во велигденскиот амбиент: 5 идеи за декорација на домот
Велигден треба да се прослави во што повесел амбиент, па направете се за вашиот дом да изгледа баш така. Не ви требаат многу пари, само малку мечта и многу шарени јајца, разни фигурички, цвеќе... Празникот е сè поблиску.
Овал полн со идеи
На поголем овал наредете велигденски детали, како пиленца, зајчиња, птици... Во средината ставете свеќа во живописна боја, па наредете разновидни јајца околу неа. Ова е одличен аранжман за маса или поголема комода.
Чинија од бајките
Од поголема чинија каква сигурно имате дома, без многу мака можете да направите прекрасен аранжман. Наполнете ја со јајца, па посипете ја со латици цвеќе. Играјте си со комбинациите на различно цвеќе во барем две бои и ќе добиете украс за секое катче од вашиот дом.
Декорација од мечтите
Нема ништо поубаво за украсување на домот од цвеќето. Уште ако набавите режено цвеќе со црвени цветови и многу зелени листови...убавина! Ставете го покрај прозор и ќе имате најубаво украсено катче. Вашите домашни ќе уживаат во неговата убавина, а вие ќе бидете горди на своето дело. Околу стаклената вазна ставете пердуви за нијанса посветли од цветовите, а на прозорите закачете кадифени фигурички во облик на зајче или пиле.
Виолетова магија
Бела керамичка вазна во комбинација со свежо цвеќе и вештачки јајца ќе изгледа нестварно. Целиот аранжман ставете го на светло виолетова подлога и ќе добиете идеален украс за празничната трпеза. Со виолетови траки освежете ги и украсете ги јајцата и наредете неколку зелени листови.
Велигденско дрво
Пронајдете гранка од некое дрво, па забодете ја во цвеќарски сунѓер. Секое гранче обвиткајте го со украсна хартија и ќе добиете нешто како на елка. Потоа на секое гранче закачете вештачки украсни јајца.