Како да ја декорирате храната на велигденската трпеза

Ако сакате оваа година да биде малку поразлична од претходната, ви нудиме неколку креативни идеи за декорација на празничната трпеза. Едноставните рецепти заменете ги со малку понеобични и експериментирајте. Разубавете ги празничните денови со една од овие идеи.

kako-da-ja-dekorirate-hranata-na-veligdenskata-trpeza-01

Домашното лепче не секогаш мора да биде во овална форма. Оваа година одвоите неколку топчиња од тестото и со нив обликувајте ја главата на зајачето, нозете, рацете и ушињата. Со вилушка направете ги очињата, устата и сите линии кои треба да се исцртаат, а како додатна декорација може да му ставите едно морковче во раката.

kako-da-ja-dekorirate-hranata-na-veligdenskata-trpeza-1

kako-da-ja-dekorirate-hranata-na-veligdenskata-trpeza-2

kako-da-ja-dekorirate-hranata-na-veligdenskata-trpeza-3

Или пак, едноставните лиснати теста не секогаш мора да бидат во една форма. Испробајте некој од овие начини и направете уникатни лиснати на кои никој нема да им одолее.

kako-da-ja-dekorirate-hranata-na-veligdenskata-trpeza-4

Солените јајца полнети со фил не ги сечете на пола, како што правите секогаш. Направете мали жолти пилиња или пак кошнички кои ќе ги декорирате со зачини и зеленчуци по ваша желба.

kako-da-ja-dekorirate-hranata-na-veligdenskata-trpeza-5

kako-da-ja-dekorirate-hranata-na-veligdenskata-trpeza-6

kako-da-ja-dekorirate-hranata-na-veligdenskata-trpeza-7

Слатките колачиња и мафини украсете ги со марципан, чоколадо, трошки во боја или пак во самиот фил додадете прехранбена боја. Вклучете ја фантазијата и подгответе мали зајчиња на врвот на тортичките, направете смеса во облик на јајца кои ќе ги украсите со чоколадо и шарени трошки или пак една лажичка брцнете во топено чоколадо и ставете 2-3 минијатурни шарени јајца. Уникатен залак слатко задоволство!

kako-da-ja-dekorirate-hranata-na-veligdenskata-trpeza-8

kako-da-ja-dekorirate-hranata-na-veligdenskata-trpeza-9

kako-da-ja-dekorirate-hranata-na-veligdenskata-trpeza-10

kako-da-ja-dekorirate-hranata-na-veligdenskata-trpeza-11

Би можело да ве интересира:

Идеи за креативни подароци за на мекици (фото) Ако сакате да подарите уникатен подарок на мекици за новородено бебе, имаме неко...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
8 мали навики со кои ќе се одржувате млади независно од годините Негувајте ја љубопитноста – учете нов јазик, нови вештини, не се препуштајте на ...
Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg