Зошто на маратон се трчаат 42 километри?

Маратонската трка е инспирирана од мит, според кој гласник трчал од грчкиот град Маратон, па сè до Атина, за да им каже на атињаните дека ја победиле персиската војска…

zoshto-na-maraton-se-trchaat-42-kilometri-01.jpg

Секоја година, низ светот се одржуваат над 800 маратони, а неодамна и Скопје беше домаќин на веќе традиционалниот Скопски маратон.

Главно, учесниците не се професионални спортисти, туку луѓе за кои трчањето е рекреација, а на поголемите маратони, како оној во Скопје, секогаш има илјадници учесници.

Маратонската трка е дел и од Олимписките игри.

Покрај помалите трки, како полумаратон од 21 километар и трката од 5 километри, сигурно веќе знаете дека „главниот“ маратон претставува трка од 42 километри.

Но, знаете ли зошто е избран токму овој број?

zoshto-na-maraton-se-trchaat-42-kilometri-04.jpg

Неколку факти за историјата на маратонот:

Растојанието од 42 километри првпат било стандардизирано во 1921 година, иако маратони се трчале уште во доцните 1800-ти години.

Интересно е што личноста која го измислила модерниот маратон била всушност филолог.

Французинот Мишел Бреал, во 1984 година, предложил на Олимписките игри да се вклучи и маратонската трка.

Па, во 1986 година, маратонот станал дел од Олимписките игри.

zoshto-na-maraton-se-trchaat-42-kilometri10.jpg

Идејата за маратонот на Мишел била инспирирана од грчкиот мит за гласникот Филипид.

Според легендата, Филипид учествувал во Војната на Маратон во 490 година пред нашата ера, која се водела од август до септември.

zoshto-na-maraton-se-trchaat-42-kilometri-07.jpg

Маратон е град во грчката периферија Атика и се наоѓа на околу 40 километри од Атина.

Војната во Маратон се водела во време на персиската инвазија на Грција.

zoshto-na-maraton-se-trchaat-42-kilometri-03.jpg

Легендата вели дека грчкиот гласник Филипд, додека бил во Маратон забележал персиски брод кој се движи кон Атина.

Дотогаш победата на грчката војска била речиси сигурна, па Филипид помислил дека со овој напад, Персијците или ќе ја опустошат Атина, или ќе лажат за нивната победа за да можат да го присвојат градот.

За да го спречи ова, Филипид решил да трча до Атина за да им каже на атињаните дека ја добиле битката.

zoshto-na-maraton-se-trchaat-42-kilometri-02.jpg

Според легендата, Филипид го фрлил своето оружје, па дури и облеката за да не му тежи, и трчал 42 километри (од Маратон до Атина) без да запре.

Кога стигнал во Атина, извикал „Победивме,; по што колабирал и умрел.

Иако војната навистина се случила, до денес постои дебата за веродостојноста на митот за Филипед.

zoshto-na-maraton-se-trchaat-42-kilometri-09.jpg

На пример, познатиот историчар Херодот напишал дека Филипид трчал од Атина до Спарта барајќи помош, а потоа повторно, со трчање, се вратил до Атина, со тоа поминувајќи над 200 километри во еден правец.

Митот за трчањето од Маратон до Атина се прославил благодарение на поема од англискиот поет Роберт Браунинг.

Тој ја издал поемата во 1879 година, која станала мошне популарна и јавноста ја прифатила како историска легенда.

zoshto-na-maraton-se-trchaat-42-kilometri-06.jpg

Без разлика дали приказната е вистинита, организаторите на Олимписките игри сметале дека одлично се вклопува во настанот кој потекнува од древна Грција.

Оттогаш, маратонот не само што е дел од Олимписките игри, туку е и манифестација која се одржува низ повеќето земји ширум светот.

42-те километри, пак, го симболизираат патот што наводно го истрчал Филипид.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Разводи, ненадејна смрт – Луѓе за кои милионската добивка на лотарија била клетва наместо благослов Маргарет Лори од Ирска освоила над 27 милиони евра на лотарија, но поради ова се...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...
Била ѕвезда во Холивуд, татко ѝ ја убил на 10-годишна возраст: Тажниот и краток живот на актерката Џ... До 10-годишна возраст, Џудит Барси се појавила во 70 реклами, како и неколку поп...
Поминала 6 часа на -20˚C и замрзнала, но била спасена: Како преживеала Џин Хилијард од Минесота? Во 1980-та, Џин Хилијард од Минесота замрзнала „како коцка мраз“ откако поминала...
5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg