Најбизарните работи што ги направиле познати инфлуенсери (за лајкови и гледаност)
Инфлуенсерката Руби Френки се соочува со казна затвор до 30 години за малтретирање на нејзините деца. Таа стана позната со нејзините објави на кои го прикажуваше нејзиниот „совршен“ живот како мајка.
Денес има илјадници познати инфлуенсери, но и милиони луѓе кои сонуваат да се пробијат на социјалните мрежи.
А, со толку голема конкуренција, станува јасно дека треба да бидат навистина оригинални за да привлечат внимание.
И, некои се подготвени да одат до крајности.
Најбизарните работи што ги направиле инфлуенсерите за лајкови и гледаност:
Натали Рејнолдс
Инфлуенсерката Натали Рејнолдс натера жена да скокне во езеро во Тексас на видеопренос во живо.
Натали ѝ понуди пари на жената, но проблемот е што таа не знаела да плива.
Па, кога жената скокна во водата и почна да паничи, наместо да ѝ помогне, Натали само избега.
За среќа, жената била спасена навреме.
Инфлуенсерката се соочи со критики од јавноста, но не се ни извини и само рече дека нејзиниот тим ја советувал да се тргне од местото додека жената барала помош.
Кет Торес
Кет Торез е инфлуенсерка која доби 8-годишна затворска казна за трговија со луѓе.
Кет се прослави со тврдењето дека има „натприродни моќи“ и ги убедуваше нејзините следбеници да одат во САД за да живеат со неа, ветувајќи им дека ќе им ги исполни соништата.
Подоцна се дозна дека оние кои барале спас кај неа, завршувале како сексуални работнички.
Приказната излезе на виделина кога ФБИ се вклучи во истрагата за две исчезнати жени, за кои се откри дека биле жртви на инфлуенсерката.
Таа ги негираше обвиненијата, но барем 20 жени излегоа со сведоштва дека и самите биле жртви на нејзините измами.
Руби Френки
Случајот на Руби е еден од поморничавите на листата.
Руби се прослави со фотки и видеа од секојдневието како мајка.
Но, зад совршените објави на Инстаграм, нејзините деца трпеле вистинска тортура.
Таа ги малтретирала нејзините деца, се случувало да им ја држи главата под вода и некогаш не им дозволувала да јадат доколку не ја слушаат.
Некогаш и ги врзувала.
Френки беше изведена пред суд и призна вина, па ја очекува затворска казна од најмногу 30 години.
Тревор Џејкоб
Во ноември 2021 година, јутјуберот Тревор Џејкоб управуваше со авион и среде лет скокна од него.
Авионот, секако, се сруши, а Тревор го снимаше целиот подвиг и објави видео насловено „Си го срушив авионот“.
Тревор беше осуден поради загрозување на безбедноста на луѓето и може да добие и до 20-годишна казна затвор.
Мајлс Рутлеџ
Британскиот јутјубер Мајлс Рутлеџ стана познат по тоа што посетуваше опасни места ширум светот и таму ги снимаше своите видеа.
Но, додека бил во Авганистан, бил киднапиран од талибанците.
По окупацијата на Авганистан, тој неколкупати ја посетил земјата, а еднаш дури и бил евакуиран.
Но, ова не било доволно да го одврати од намерата повторно да оди во земјата.
За среќа, британската влада успеала да направи спогодба за да биде ослободен, па беше вратен дома.
Сук Мин Чои
Јутјуберот Сук Мин Чои, попознат како Алекс Чои, може да добие 10-годишна казна затвор за неговиот „подвиг“.
За видео на Јутјуб, тој леташе со хеликоптер од кој фрлаше огномети кон автомобил од марката Lamborghini во пустински дел на Калифорнија.
Јутјуберот немал дозвола за огнометите, па кратко по објавувањето на видеото беше уапсен.
Спирова С. | Црнобело