Како изгледаат градинките во Кина: Децата готват на печки на дрва, мешаат малтер

Деца од градинка сами мешаат малтер и градат шпорети за готвење. Сами носат дрва и палат оган, сечкаат месо со нож и сами си ја подготвуваат храната. Видеата од кинеска градинка го обиколија светот.

kako-izgledaat-gradinkite-vo-kina-decata-gotvat-na-pechki-na-drva-meshaat-malter-01.jpg

Често на социјалните мрежи се споделуваат видеа од училиштата и градинките во Кина, заради кои ни се чини дека таа земја е во целосно нова димензија, и практично ни е несфатливо како е возможно нивните деца да се толку понапредни од нашите.

Ако во повеќето од нашите градинки дневниот престој се состои од учење на теоретски знаења, спиење и игра, Кинезите во нивните установи вовеле сосема поинакви програми што треба да ги оспособат децата од најмали нозе да бидат подготвени за реалниот живот.

kako-izgledaat-gradinkite-vo-kina-decata-gotvat-na-pechki-na-drva-meshaat-malter-02.jpg

Така на видеата што кружат на социјалните мрежи, може да се види дека овие деца во Кина од најмала возраст се учат на интересни животни вештини.

kako-izgledaat-gradinkite-vo-kina-decata-gotvat-na-pechki-na-drva-meshaat-malter-03.jpg

Сами мешаат малтер, ѕидаат печки, на кои потоа сами ќе си ја приготвуваат храната...

А подготвувањето на храната е приказна сама по себе. Може да се видат мали дечиња како со нож сечкаат месо и состојки, ставаат дрва во оган, и сами готват...

kako-izgledaat-gradinkite-vo-kina-decata-gotvat-na-pechki-na-drva-meshaat-malter-04.jpg

Инаку видеата кои импресионираа многумина се снимени во градинката Xu Hai Road, во провинцијата Џиангсу, а целта на тамошниот образовен кадар била да се воведе образовна програма преку која ќе им се овозможи на децата да поминуваат колку е можно повеќе време надвор и да се стекнуваат со практични вештини.

Должностите на секое дете се избрани според неговата височина, а по оброкот, тие треба сами да си ги измијат садовите, па да се занимаваат со некои од другите активности, кои вклучуваат: шиење, везење, ѕидање итн.

kako-izgledaat-gradinkite-vo-kina-decata-gotvat-na-pechki-na-drva-meshaat-malter-05.jpg

Според пишувањето во кинеските медиуми, воведувањето на ваквиот тип настава довела до големи подобрувања кај децата, во позитивна насока и се забележува дека тие се многу повеќе подготвени да го искусат животот и да бидат вклучени во секојдневните активности.

kako-izgledaat-gradinkite-vo-kina-decata-gotvat-na-pechki-na-drva-meshaat-malter-06_copy.jpg

Погледнете дел од видеата:

@michael26457

Wie es ist, in China in den Kingdergarten zu gehen #tiktokusa #usa

♬ Suspense, horror, piano and music box - takaya

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
12 работи што општеството не ги прифаќа, иако се здрави и нормални, низ илустрации Грижата за децата не е само женска работа, па затоа не е срамота и татковците са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg