Помалку познати, но значајни жени, чии откритија го сменија светот
Мери Енинг
Родена во 1799 година, Мери Енинг се смета за најзначајниот палеонтолог и колекционер на фосили од 19-тиот век.
Таа открила одлично сочувани скелети и фосили од многу диносауруси, но додека била жива не ни била платена за тоа, а многумина не знаеле за нејзините достигнувања.
Всушност, таа воопшто немала дозвола да стане дел од престижното геолошко друштво во Лондон бидејќи била жена.
Поголемиот дел од животот имала финансиски проблеми, а неретко нејзините достигнувања се припишувале на други палеонтолози – нормално, мажи.
Дури во релативно поново време, научната фела почна да ги собира нејзините достигнувања за да ѝ ја одаде заслужената почит.
Рејчел Карсон
Рејчел Карсон била биолог и личноста која меѓу првите го сврте вниманието на светот кон загадувањето на Земјата.
Во 1962 година, таа ја издала книгата Silent Spring во која објаснува како луѓето постепено ја уништуваат Земјата со прекумерно консумирање и фрлање отпад, вклучувајќи и штетни хемикалии.
За жал, Рејчел никогаш не видела што постигнала со нејзината книга.
Таа починала две години по издавањето на книгата и не сведочела на еколошкото движење што го поттикнала во светот.
Грејс Хопер
Американката Грејс Хопер била експерт за информатика, математичарка и пионер во компјутерското програмирање.
Била родена во 1906 година и била првата личност која ја претставила теоријата за програмски јазици за кои не мора да се користи таканаречен машински јазик – јазик што го разбира компјутерот (машината) и користи бинарен систем.
Таа е и личноста која го напишала првиот компајлер, односно софтверот што ги преведува командите на програмерите на машински јазик.
Па, благодарение на неа, денес програмерите можат да програмираат на англиски (или друг човечки јазик), а не со единици и нули.
Грејс почина во 1992-ра, на 85-годишна возраст.
Спирова С. | Црнобело