Каде треба да ги чувате златните рипки за да ви донесат среќа и благосостојба, според Фенг Шуи
Златните рипки отсекогаш биле симбол на богатство и благосостојба. Колку рипки треба да чувате и каде треба да го поставите аквариумот за да имате најдобар ефект, според Фенг Шуи?
Златните рипки отсекогаш привлекувале внимание заради нивната златна боја, грациозното движење и симболизмот што го имаат во голем број култури.
Во повеќето земји златните рипки се сметаат за симбол на проспертитет, среќа и благосостојба.
Златните рипки (Carassius auratus) се препознатливи по нивната златна боја, а биле одгледувани во кралските палати во Кина уште во 10-иот век.
Уште во тоа време овие рипки биле сметани за миленичиња кои треба да се чуваат во украсни рибници или аквариуми со цел да донесат добра среќа и богатство.
Со текот на годините, се појавиле повеќе различни видови кои се разликуваат во нијансата на бојата и перките.
Според Фенг Шуи, поставувањето аквариум со златна рипка во домот или во канцеларијата може да ви донесе среќа и просперитет, а се верува дека елегантните движења на оваа риба може да ја активираат животната енергија и да промовираат хармонија и баланс.
Исто така добро би било во вашиот аквариум да имате и црн карас (златна рипка), која се смета дека нуди заштита од зли духови и несреќи.
Се верува дека оптимално за добра среќа, аквариумот би требало да има околу 9 риби, а треба да се избегнуваат броевите: 2,3,5...
Аквариумот најдобро е да биде сместен во дневната соба за да обезбеди смирувачки ефекти и проток на позитивна енергија.
Во ходникот може да привлекува енергија и да ги зголеми можностите за обезбедување поголемо богатство, а треба да се избегнува спалната соба затоа што може да ја попречи смирувачката енергија, неопходна за добар сон.
Ако аквариумот го сместите во југоисточниот дел од собата, тој може да ви донесе богаство и благосостојба.
Поставувањето во северниот дел од просторијата ќе ви донесе напредок во кариерата и повеќе можности на тој план, а во јужниот дел ќе ви помогне да си го подобрите авторитетот и да стекнете поголема слава.
Б. С. Б. | Црнобело