Викторија и Дејвид се шегуваат на своја сметка – Најдобрите реклами за Super Bowl 2024 (видео)
Викторија и Дејвид Бекам се шегуваат на своја сметка со реклама инспирирана од виралното видео од нивната серија, додека некои шпекулираат дека Крис Џенер суптилно се шегува за секс снимката на ќерка ѝ Ким – Најзабавните реклами за Super Bowl 2024.
Super Bowl е најголемиот спортски настан во САД што го следат дури и луѓе кои не се спортски фанови. Покрај самиот натпревар, можеби повеќе внимание привлекува настапот на познати музичари на полувремето.
Годинава, на полувремето јавноста ќе има можност да го слуша Тиесто кој ќе биде првиот диџеј што настапувал на важниот настан. Исто така, на сцената ќе се појават Ашер, Post Malone, како и Андра Деј и кантри пејачката Реба Мекентри.
Друг важен детаљ на Super Bowl се секако и рекламите, за кои познатите брендови плаќаат милиони.
Се очекува над 100 милиони гледачи да го слеат настанот на 11-ти февруари, а според Forbes, реклама од 30 секунди чини околу 7 милиони долари.
За овие реклами скоро секогаш се најмени познати актери, а истото важи и годинава.
Дел од видеата објавени досега се само тизери, односно најави, и целите реклами првпат ќе се емитуваат на самиот настан.
Дел од најдобрите реклами за Super Bowl 2024:
Арнолд Шварценегер во реклама за State Farm
https://www.youtube.com/watch?v=vu13gDR5QhM