Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите?

Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ако е сингл... Како треба да се однесува жената во 40-тите?

bez-predrasudi-i-tabu-temi-kako-treba-da-se-odnesuva-zhenata-vo-40-tite-01.jpg

Четириесеттите... за некого се многу, за некого малку. Зависи од кој агол се гледа таа бројка.

Која сум, каде сум и што сум? Јас сум сонувач, птица која сака простор за да лета, често заробена во својот фантастичен свет. Омилена меѓу неколку вистински пријатели. Растргната помеѓу желбите и реалноста.

Како треба да се однесува жена во четириесеттите?

1. Треба да сфати дека има само еден живот и дека треба паметно да го користи... Јас одамна го сфатив тоа.

2. Да се ​​грижи за своето здравје.

3. Да открие што сака во животот и да ја почитува таа одлука, каква и да е.

4. Секогаш да размислува слободно, без предрасуди и да нема табу теми... Не, јас немам табу теми уште одамна.

5. Да патува низ светот, ако има доволно пари... За жал, парите никогаш не се доволно.

6. Да ​​сака со целата своја сила.

7. Да плаче ако сака да плаче, затоа што „солзите се океј“... А, никој не го знае тоа како јас.

8. Да престане да списанија кои се за оние „тетки“ на кои им е важно само како се подготвува зимница, иако немаат за кого да ја прават... Добро, и јас ги читам и си правам зимница, а имам и за кого.

bez-predrasudi-i-tabu-temi-kako-treba-da-se-odnesuva-zhenata-vo-40-tite-22_copy.jpg

9. Да не размислува според возраста (и тоа колку е стара), туку да биде млада во духот.

10. Да биде задоволна со она што го има, да не го посакува невозможното... Ова не е точно, па не постои нешто што е невозможно.

11. Да сфати дека убавината на душата е вечна, а убавината на телото е минлива... Јас немам комплекс поврзан со мојот изглед.

12. Да си најде љубовник, ако нема и ако е сингл.

13. Да не биде суеверна.

14. Да почне да пие селен и лекови за помнење, бидејќи меморијата слабее со годините.

15. Да биде тоа што е и да не става маски... Тие мора да се тргнат еден ден... Јас не сакам ни пудра на лицето, не па маска...

Советите успешно ги применувам, ги измислив самата.

И не се плашам од годините, тоа е животот.

И животот треба да се живее, не само да се постои и дише.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg