8 психолошки трикови за да ги препознаете луѓето што се лицемерни и глумат дека се фини
Кои знаци откриваат дека личноста со која го поминувате времето е лицемерна и само глуми дека е љубезна со вас?
Колкупати ви се случило да почувствувате дека зад нечиј комплимент се крие некоја скриена намера кај личноста заради која не се чувствувате пријатно?
Како да препознаете какви чувства има за вас личноста со која разговарате и дали само се труди да одглуми дека е фина со вас, додека потајно не ве поднесува?
Кои 8 психолошки знаци треба да ги барате кај луѓето што се лицемерни?
Постојани комплименти
Во ред е некој да ви даде комплимент за нешто му се допаѓа, но кај личностите што се лицемерни кон вас, ваквите комплименти ја надминуваат секоја граница.
Со текот на времето сфаќате дека таквите комплименти се сосила и воопшто не се искрени, а личноста ве опсипува со нив за да ги прикрие своите чувства кон вас.
Непостојано однесување
Кај лицата што се лицемерни кон вас често можете да забележите осцилации во односот, затоа што никој не може да ја држи маската на себе 24/7.
Кога сте во друштво забележувате дека тие глумат дека се мошне блиски со вас, а кога сте сами стануваат студени и дистанцирани.
Не ги интересира тоа што го зборувате
Секому може да му се случи да се исклучи среде разговор и да не ве дослуша, но личностите што се лицемерни често ви поставуваат лични прашања, а потоа забележувате како воопшто не ве слушаат што им зборувате.
Зад секој комплимент се крие навреда
„Колку добро изгледаш за годините?“, „Леле, колку добро ти стои фустанчево, не се познава дека е од пазар...“, „Ау, колку си згодна, со оглед дека си мајка“... Искрените пријатели секогаш знаат да ви укажат на мааните, а лицемерните секоја навреда ја пакуваат во комплимент.
Затоа воопшто не треба да ве чуди тоа што често по нивните комплименти не знаете дали треба да се чувствувате навредено или не.