Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат)

Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а под застрашувачката надворешност се крие душа која е полна со сочувство и емпатија. Кои 3 вистини за луѓето со избувлив карактер другите најчесто не ги разбираат?

3-psiholoshki-vistini-za-lugjeto-so-izbuvliv-karakter-shto-drugite-najchesto-ne-gi-razbiraat-01.jpg

За луѓето што лесно избувнуваат и бурно реагираат и за најмали ситници, често велиме дека имаат „краток фитил“, но постојат некои вистини што речиси никој не може да ги сфати.

Секако, тука се мисли за луѓето што не се насилни, но често знаат и за најмала ситница да реагираат бурно и да го кажат своето мислење.

3-psiholoshki-vistini-za-lugjeto-so-izbuvliv-karakter-shto-drugite-najchesto-ne-gi-razbiraat-02_copy.jpg

На социјалните мрежи се објавени повеќе видеа во кои се појаснуваат 3 вистини за карактерот на овие луѓе, коишто укажуваат дека не станува збор за личности од кои треба да бегаме, туку да се обидеме подобро да ги сфатиме.

Кои 3 вистини за луѓето со избувлив карактер останатите најчесто не ги сфаќаат:

Тоа се луѓе со добро и љубезно срце

Под застрашувачката надворешност се крие душа која е полна со сочувство и емпатија.

Тие често се почувствителни од останатите луѓе, што значи дека секоја возбуда или тага ги погодува многу поинтензивно.

Нивната чувствителност често се манифестира како избрзана реакција, но тоа потекнува од нивната голема грижа за луѓето во нивниот свет, а гневот што го покажуваат им е оклоп, кој треба да го заштити нивното срце.

3-psiholoshki-vistini-za-lugjeto-so-izbuvliv-karakter-shto-drugite-najchesto-ne-gi-razbiraat-04.jpg

Тие сакаат вистински и со цело срце

Нивната љубов често е силна и безусловна, но затоа што вложуваат толку многу емоции во врските и комуникацијата со другите, се чувствуваат фрустрирано кога гледаат дека луѓето што ги сакаат не ја заслужуваат нивната љубов или не водат сметка за нивните чувства.

3-psiholoshki-vistini-za-lugjeto-so-izbuvliv-karakter-shto-drugite-najchesto-ne-gi-razbiraat-03.jpg

Не се обидувајте да ги придобиете ако ви покажат дека не им се допаѓате

Во оној миг кога ќе ја изневерите нивната доверба и ќе ви кажат дека не им се допаѓате, заборавете на какво било помирување.

Тие толку страсно ќе ви покажат дека не сте заслужни за нивното внимание и способни се да ве игнорираат и да ви докажат дека за нив веќе не постоите.

Тоа е нивниот механизам со кој се заштитуваат да не бидат повредени, но најважно е да запомните дека овие чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза.

3-psiholoshki-vistini-za-lugjeto-so-izbuvliv-karakter-shto-drugite-najchesto-ne-gi-razbiraat-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg