7 древни јапонски техники со кои најлесно ќе ја надминете мрзеливоста
Каизен, Ваби-саби, Хара Хачи Бу... Дали сте слушнале за овие техники против мрзеливост со кои Јапонците се мотивираат со векови?
Сите сме имале моменти кога нè фаќала мрза, кога не сме биле мотивирани за ништо, а кога целите што сме си ги поставиле се претвориле во соништа на кои сме заборавиле.
Јапонците пред многу векови почнале да применуваат техники со кои лесно ја надминувале мрзеливоста.
Прочитајте ги 7-те древни јапонски техники со кои тие ја надминуваат мрзеливоста и се трудат да ги остварат своите цели:
Икигаи
Икигаи значи дека имате цел во животот, причина да се разбудите секое утро. Оваа древна техника се води од 4 основни правила:
- Правете го тоа што го сакате.
- Правете го тоа во што сте добри.
- Правете го тоа што му е потребно на светот.
- Правете го тоа за што ве плаќаат.
Каизен
Техниката Каизен препорачува да се фокусирате на малите нешта што можете секојдневно да ги подобрите.
„Секој ден обидете се да бидете барем 1% подобри од претходниот, и за вас и за другите“, е учењето на оваа техника.
Шошин
Овој концепт потекнува од Зен Будизмот, а значи дека на сè што правите, треба да му пријдете со „почетнички“ ум.
„Ако вашиот ум е празен, тогаш е отворен за сè. Во умот на 'почетникот' има место за многу можности, а во умот на експертот местото е ограничено“.