На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)?
Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традициите, постојат некои датуми за кои се верува дека ќе донесат среќа во новата година.
Декември е период кога почнуваме со украсување на домот.
Некои се нетрпеливи и ја китат елката уште на почетокот од месецот, па и во ноември, а некои се потрадиционални и сакаат да ја накитат на датум кој за нив има некакво значење.
Правила нема – секој може да ја накити елката кога сака.
Но, доколку ги цените традициите и народните верувања, постојат неколку датуми кои се смета дека имаат посебно значење.
Кoга да ја накитите елката ако сакате да привлечете среќа во новата година?
18-ти декември
18-ти е ден пред Свети Никола – празник на кој многу семејства организираат слава.
Овде се и оние кои слават именден, па не е ни чудно што многу луѓе одлучуваат да ја накитат елката токму на 18-ти.
Се верува дека китењето на елката на овој датум ќе привлече просперитет и финансиска стабилност.
22-ри декември
Се верува дека китењето на елката на овој датум ќе донесе заштита на целото семејство во текот на наредната година.
24-ти декември
Ова е датум за земјоделците.
Односно, оние кои одгледуваат овошје или зеленчук, треба да ја накитат елката на 24-ти декември за следната година да имаат богата жетва.
25-ти декември
Според католиците, 25-ти декември е денот на раѓањето на Христос, односно Божиќ.
Па, ако ја накитите елката на овој датум, се верува дека новата година ќе ви биде среќна. Притоа, домот ќе биде исполнет со љубов во текот на целата година.
28-ми декември
Според верувањата, ако ја накитите елката на 28-ми декември, тогаш ќе го заштитите домот од лоши работи.
Некои веруваат и дека на овој ден треба да се каже молитва за благосостојбата на целото семејство.
Спирова С. | Црнобело