Донесете подарок, не доцнете и уште 7 правила кои ќе ве направат совршен гостин
Посетата на нечиј дом бара почитување одредени бон-тон правила, со цел да оставите добар впечаток за себе, а и да не предизвикате непријатност кај домаќините. Трудете се да ги почитувате овие неколку правила за да остварите совршена средба.
При одење на гости кај поблиска личност, секако се чувствувате порелаксирано и поопуштено, но тоа не значи дека треба да се однесувате без да почитувате одредени бон-тон правила.
Без разлика дали посетувате поблиска или подалечна личност, постојат одредени постапки кои треба да ги избегнувате, за да бидете совршен гостин кој секогаш ќе биде добредојден во нивниот дом.
Правила кои ќе ви помогнат да бидете совршен гостин во нечиј дом:
Бидете точни, не доцнете
Донесете нешто за домаќините, не мора да е нешто скапо, туку нешто што знаете дека им се допаѓа
Не го допирајте премногу телефонот и бидете присутни во моментот
Покажете благодарност и дека го цените она што го подготвиле за вас
Прашајте ги домаќините дали им треба помош, но не посегнувајте сами без одобрение
Почитувајте го нивниот простор и однесувајте се така како што би сакале другите да се однесуваат во вашиот дом
Бидете активни во разговорот и покажете интерес за она што ви го зборуваат
Секоја посета има и крај, па не претерувајте со останувањето
Не заборавајте да се заблагодарите – едноставно „благодарам“ некому ќе значи многу
М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com