Бон-тон правила на кои најчесто не им обрнуваме внимание (иако треба)

Вистинските дами на важните настани носат хулахопки, дури и кога надвор е топло. Столчињата во автобус служат за седење, а не за потпирање на нозете, а дама ослободува место на друга жена само кога е видно повозрасна од неа. Се почитуваат ли овие бон-тон правила и кај нас?

bon-ton-pravila-na-koi-najchesto-ne-im-obrnuvame-vnimanie-a-ne-treba-01.jpg

Во минатото бон-тон правилата биле многу построги и се однесувале на речиси сите аспекти од животот.

Во новото модерно време, голем број од овие правила се забораваат, па се чини дека многу често повеќе сме сконцентрирани на сопствените потреби и не обрнуваме внимание дали со нашето однесување ќе направиме луѓето околу нас да се чувствуваат пријатно.

Од начинот на којшто се однесуваме во јавниот превоз, до начинот на којшто комуницираме преку социјалните мрежи.

Во продолжение погледнете неколку интересни бон-тон правила на кои треба да обрнете внимание:

Кога сте во автобус можете да разговарате со личноста што седи до вас или со пријателите, но со тивок тон.

bon-ton-pravila-na-koi-najchesto-ne-im-obrnuvame-vnimanie-a-ne-treba-02.jpg

Ако добиете телефонски повик додека сте во јавен превоз, најдобро е да исклучите или да ѝ кажете на личноста што ве бара дека ќе разговарате подоцна.

Дополнително, денес постојат голем број начини на комуникација со помош на пораки, па нема потреба сите да ви го слушаат разговорот.

bon-ton-pravila-na-koi-najchesto-ne-im-obrnuvame-vnimanie-a-ne-treba-03.jpg

Исто така, запомнете дека седиштата во автобусот се за седење, а не за потпирање на нозете.

bon-ton-pravila-na-koi-najchesto-ne-im-obrnuvame-vnimanie-a-ne-treba-04.jpg

Често во автобус, мајката му го отстапува местото на детето, а таа стои. Според бон-тон правилата, мајката треба да седи, а детето да стои, или да ѝ седи во скут.

bon-ton-pravila-na-koi-najchesto-ne-im-obrnuvame-vnimanie-a-ne-treba-06.jpg

Уште едно важно правило е жената да не ѝ отстапува место на друга жена со која се генерациски блиску. Наместо да упатите добра порака, жената може да се почувствува непријатно. Во таков случај место се отстапува само на видливо повозрасни жени и старици.

bon-ton-pravila-na-koi-najchesto-ne-im-obrnuvame-vnimanie-a-ne-treba-05.jpg

Кога се возите во лифт со пријатели, најдобро е да се воздржите од разговори доколку има и други непознати лица внатре. Нема потреба никој да ги слуша вашите приватни разговори.

Дополнително, правењето селфи во лифт, зачувајте го за моментите кога нема непознати луѓе со вас.

bon-ton-pravila-na-koi-najchesto-ne-im-obrnuvame-vnimanie-a-ne-treba-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 работи кои ги правите на доктор, а не треба (не се според бон-тон) Не го откажувате терминот на „Мој термин“, прашувате за здравјето на други пацие...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg