Жолто Фиќо „лета“ со 150km/h на автопат и стана хит на Инстаграм: „Нема ни сензори, ни регулатори, а вози“

„Нема DPF, нема EGR, нема електрични дизни, нема регулатор на притисокот, нема сензор за рачната, нема сензор за брегаста осовина, нема DSG менувач, нема ова, нема она, а 'шиба'“ - жолто Фиќо од Вараждин го воодушеви регионот.

zholto-fikjo-leta-so-150km-h-na-avtopat-i-stana-hit-na-instagram-nema-ni-senzori-ni-regulatori-a-vozi-01.jpg

Неодамна на Инстаграм страницата Balkan Gas беше објавено видео на кое „Фиќо“ вози со 150mk/h. Видеото стана вирално и ги воодушеви возачите од регионот.

Жолто Фиќо со регистарска табличка од Вараждин е најверојатно едно од последните што се возат во светот, стои во коментарите на видеото, бидејќи овој автомобил одамна не се произведува, а беше еден од најпопуларните во регионот пред околу 50 години.

zholto-fikjo-leta-so-150km-h-na-avtopat-i-stana-hit-na-instagram-nema-ni-senzori-ni-regulatori-a-vozi-02.jpg

Токму затоа видеото споделено на Инстаграм стана вирално, а регионот е воодушевен.

„Нема DPF, нема EGR, нема електрични дизни, нема регулатор на притисокот, нема сензор за рачната, нема сензор за брегаста осовина, нема DSG менувач, нема напред 16 алуминиумски рамења, нема одзади рачна електрична кочница, нема ова, нема она, а 'шиба'“, се слуша гласот на мажот кој го снимал видеото.

Тој покажува и дека Фиќото вози околу 150km/h.

zholto-fikjo-leta-so-150km-h-na-avtopat-i-stana-hit-na-instagram-nema-ni-senzori-ni-regulatori-a-vozi-03.jpg

„Ама има душа...“,

„Имав и јас Фиќо, никогаш не ме изневерило“,

„Има неколку преработени кај нас во град, сите летаат како стрели“,

„Како ли поминало на технички преглед?“, се коментира на Инстаграм.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
„Едвај платив сметки, сега треба и есенски да го украсам домот за да бидам во тренд на Инстаграм?“ Украсувањето на домот за секоја сезона е хит на Инстаграм и поради ова многумина...
Како ќе изгледаа ѕвездите на Bridgerton ако беа ликови од цртаните на Дизни? Bridgerton е серија лкоја ја обожаваат сите генерации. Сите актери се внимателно...
Освежете си го знаењето пред одмор: Грк на Инстаграм споделува едноставни грчки фрази Од имињата на деновите на неделата, до начини како да викнете такси во Грција, п...
Драстична промена по естетска операција - Турчин се трансформираше во Џорџ Клуни Фотографиите од Турчинот Насер пред и по пластичната операција делуваат нереално...
6 совети за совршени Инстаграм фотки на плажа Кога е многу сончево, поради силната светлина не можете да ја добиете совршената...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg