6 совети за совршени Инстаграм фотки на плажа
Кога е многу сончево, поради силната светлина не можете да ја добиете совршената фотографија. Па, кога е облачно, можете да направите многу подобри фотки.
Во време кога сите користиме мобилни телефони, камерата и фотографирањето се дел од нашето секојдневие.
Сакаме да ги „уловиме“ важните и интересни моменти во нашиот живот, притоа создавајќи спомени вредни за паметење.
Со цел да создадеме поубава фотографија, потребно е да внимаваме на неколку „ситници“, а еве и неколку совети.
Како да направите совршени фотки на плажа?
Внимавајте на светлината
Кога светлината е посилна, тоа се рефлектира и во водата и може да добиете непотребно нагласување и на вашиот предмет за фотографирање, и на околината.
Изберете креативни места
Само затоа што сте на плажа не мора да значи дека сте ограничени само на песочниот дел. Побарајте во околината интересни места кои подетално ќе зборуваат за вашата приказна.
На пример, тоа нека биде патчето кое води кон плажата, па може да ги фотографирате децата како се движат по него.
Исто така може да фотографирате и на пристаништа, забавни куќички на плажа и слично.
Времето не мора секогаш да биде идеално
Кога е многу сончево, поради силната светлина не можете да ја добиете совршената фотографија.
Затоа, не плашете се од облачното време и темните облаци, зашто со нивна помош може да добиете одлични фотографии.
„Фатете“ го хоризонтот
Кога морето се среќава со небото, а на долниот дел од фотографијата имате објект кој е во вашиот фокус, добивате магична фотографија.
Внимавајте на случајните минувачи
Во повеќето случаи, нема да бидете единствените на плажа. Па, кога фотографирате, обидете се да најдете локација што можеби не е толку популарна или фотографирајте под агол така што нема да влезат во вашиот кадар.
Внимавајте на позадината
Честопати на плажата ќе најдете корпи за отпадоци и други работи кои сигурно не би сакале да бидат на вашата фотографија.
Внимавајте на позадината, во спротивно ќе добиете фотографија чиишто други елементи ќе го одземат вниманието.
М. Ѓ. | Црнобело