Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сопруги на познати лидери на култови, кои биле исто злобни колку сопрузите

Бони Нетлс беше сопруга на лидерот на култот Heaven’s Gate. Верувала дека комуницира со свештеник од 19-ти век, а нејзината смрт ги „инспирирала“ членовите на култот да извршат масовно самоубиство.

soprugi-na-poznati-lideri-na-kultovi-koi-bile-isto-zlobni-kolku-sopruzite-01.jpg

Култовите не се така ретка појава, а можеби најморничаво е тоа што не сме ни свесни колку е всушност лесно да се „испере“ нечиј мозок.

Интелигентни и образовани луѓе несвесно станувале дел од култови, а додека да сфатат што се случува, веќе било предоцна.

Лидерите на култовите неретко се шармантни и слаткоречиви личности за кои не би помислиле дека можат да ве вовлечат во некој култ.

Неретко лидерите на култовите имаат една, па и повеќе сопруги.

Некои од овие девојки и жени биле заведени од лидерите во ранлив период од нивниот живот.

Но, постојат и оние кои свесно се мажеле за лидери за култови, а се покажувале дури и посурови од нивните сопрузи.

Дел од сопругите на популарни лидери на култови:

Патриција Кренвинкл

Патриција му била сопруга на Чарлс Менсон – можеби најпознатиот лидер на култ во светот.

Тие се запознале во 1967-ма, кога Патриција имала само 20 години.

Таа била осамена, па на Чарлс не му требало многу труд да ја заведе.

Ја опсипувал со комплименти, па ѝ понудил да му се придружи.

soprugi-na-poznati-lideri-na-kultovi-koi-bile-isto-zlobni-kolku-sopruzite-02.jpgПатриција

Патриција се покажала исто злобна колку и Чарлс, па набрзо станала еден од лидерите на култот.

Таа била одговорна за „редот и мирот“ на ранчот на којшто живееле, ги казнувала другите девојки и не им дозволувала да си заминат.

По апсењето на Чарлс, Патриција доби смртна казна, која подоцна беше променета во доживотна казна затвор.

Моментално се наоѓа во затвор.

soprugi-na-poznati-lideri-na-kultovi-koi-bile-isto-zlobni-kolku-sopruzite-03.jpgЧарлс Менсон

Карен Зерби

Карен беше сопруга на Дејвид Берг – основачот и поранешен лидер на култот Children of God.

Овој култ постои до денес под името The Family International.

Гласните кои кружат за култот се ужасни – Дејвид ги контролирал членовите на култот со манипулација, физичко малтретирање, но и сексуално насилство. Карен, пак, му помагала во сето ова.

soprugi-na-poznati-lideri-na-kultovi-koi-bile-isto-zlobni-kolku-sopruzite-04.jpgКарен со сегашниот сопруг

Во 1980-тите, за да ја заштити „репутацијата“ на култот, Карен забранила сексуални односи со нови членови на култот, како и односи со малолетници.

По смртта на Дејвид во 1994-та, Карен самата стана лидер на култот и стапи во брак со друг член.

Иако таа направила некои промени, Children of God сепак важи за култ, а морничавите гласини за она што се случува зад затворени врати постојат до денес.

soprugi-na-poznati-lideri-na-kultovi-koi-bile-isto-zlobni-kolku-sopruzite-05.jpgДејвид Берг

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg