Починал по операција за менување на ликот и липосукција - Кој е Амадо Фуентес, еден од најбогатите наркобосови?

Наркобосот Амадо Каријо Фуентес стекнал богатство од над 25 милијарди долари, а починал по пластична операција со која сакал да си го промени ликот за да им избега на властите. Што друго знаеме за него?

umrel-po-plastichna-operacija-i-liposukcija-imal-milijardi-koj-e-amado-fuentes-eden-od-najbogatite-narkobosovi01.jpg

Амадо Каријо Фуентес е наркобос од калибарот на Пабло Ескобар. Со продавање дрога заработил милијарди, а дел од јавноста до денес верува дека си ја лажирал смртта.

Кој бил Амадо и како умрел на 42 години?

Амадо Каријо Фуентес бил роден во 1956 година во Мексико.

Имал 11 браќа и сестри, а се вклучил во нелегалниот бизнис со дрога благодарение на чичко му.

Наводно, Амадо отсекогаш сонувал да стане успешен, па кога го напуштил родното село, изјавил дека нема да се врати сè додека не стане богат.

umrel-po-plastichna-operacija-i-liposukcija-imal-milijardi-koj-e-amado-fuentes-eden-od-najbogatite-narkobosovi-03.jpg

Амадо бил внук на Ернесто Фонсека Каријо – лидер на картелот Guadalajara.

Па, кога го напуштил родното село на 12-годишна возраст, без завршено основно образование, отишол кај чичко му.

Тој му дал задача да ги надгледува пратките со кокаин, а му покажал и како се одвивале операциите за шверцување дрога преку граница.

Извесен период, Амадо работел со Пабло Ескобар, како и со Ел Чапо.

Прочитајте и: Избега од затвор преку тунел, при апсењето на син му загинаа 29 лица: Како Ел Чапо стана најмоќниот нарко-бос во светот?

umrel-po-plastichna-operacija-i-liposukcija-imal-milijardi-koj-e-amado-fuentes-eden-od-najbogatite-narkobosovi-07.jpgАмадо (лево) на забава

Подоцна Амадо работел и за картелот Juarez. Тој се спријателил со лидерот на картелот - Рафаел - го убил и во 1993 година самиот го презел водството на картелот.

За изнесување на кокаинот од Мексико, Амадо ги користел неговите приватни авиони, поради што си го заработил прекоарот El Señor de Los Sielos (господарот на небото).

И покрај огромниот успех со нелегалниот бизнис, Амадо бил многу поразличен од другите наркобосови – не се вклучувал во престрелки, не правел скандали и, генерално живеел настрана од окото на јавноста и никој не знаел ништо за него. Во медиумите немало ни негова слика.

Во статија на Washington Post, Амадо е наречен и „најмистериозниот човек во светот“.

umrel-po-plastichna-operacija-i-liposukcija-imal-milijardi-koj-e-amado-fuentes-eden-od-najbogatite-narkobosovi-05.jpgАмадо (во средина) со други членови од неговиот картел

За да го постигне ова нивото на анонимност, Амадо имал поткупено голем број лица од власта, и тоа од највисоките ешалони.

Истовремено, тој бил и суров човек – бил одговорен за убиството на околу 400 лица, а познато и дека неретко сакал да ги мачи неговите жртви.

Со сето ова, Амадо стекнал богатство кое се проценува на околу 25 милијарди долари. Денес оваа сума би вредела и 40 милијарди.

umrel-po-plastichna-operacija-i-liposukcija-imal-milijardi-koj-e-amado-fuentes-eden-od-najbogatite-narkobosovi-02.jpgАмадо (лево) веројатно со членови на семејството

Поради ова, мистериозниот наркобос почнал да го привлекува вниманието на луѓето од власта кои не можел да ги поткупи.

На свадбата на неговата сестра дошле агенти за да го фатат, а Амадо едвај им избегал. Тој период и од САД почнале со потерница по него.

Кога му станало јасно дека не може да остане во Мексико, Амадо се преселил во Чиле. Овде се одлучил и на драстичен чекор за да си ја зачува слободата – пластична операција која целосно ќе му го промени ликот.

На 4-ти јули 1997 година, Амадо отишол во приватна клиника во Мексико Сити каде што му била направена 8-часовна операција за менување на ликот. Истовремено, му била направена и липосукција за да изгледа како потполно различна личност.

umrel-po-plastichna-operacija-i-liposukcija-imal-milijardi-koj-e-amado-fuentes-eden-od-najbogatite-narkobosovi-08.jpgБолницата во која го оперирале Амадо

По завршувањето на операцијата се чинело дека сè било во најдобар ред, но следното утро 42-годишниот Амадо бил пронајден мртов во болничката соба.

Според надлежните, Амадо починал од инфаркт.

Сепак, бидејќи станувало збор за моќен наркобос, голем дел од јавноста не била убедена дека тој е мртов. Многумина сметале дека операцијата била успешна и Амадо си ја лажирал смртта за да може да избега.

Со цел да ги смират гласините, американските власти споделија морничави фотографии од Амадо направена во мртовечницата. Сепак, дел од јавноста продолжил да верува во теориите на заговор.

umrel-po-plastichna-operacija-i-liposukcija-imal-milijardi-koj-e-amado-fuentes-eden-od-najbogatite-narkobosovi-04.jpg

Лекарите што му ја правеле операцијата, пак, поминале уште полошо од Амадо.

Телата на тројцата хирурзи биле најдени во метални буриња, а на нив имало знаци на мачење - им биле извадени ноктите и биле запалени пред да ги убијат.

По смртта на Амадо, неговиот картел бил осуден на пропаст.

umrel-po-plastichna-operacija-i-liposukcija-imal-milijardi-koj-e-amado-fuentes-eden-od-najbogatite-narkobosovi-06.jpg

Мексиканските власти конфискувале складови кои му припаѓале на картелот, заедно со над 60 градби кои биле во сопственост на Амадо.

Биле замрзнати и банкарските сметки на Амадо.

Синот на Амадо залудно се обидувал да го одржи картелот во живот, сè до неговото апсење во 2009 година.

Според некои извори, Амадо воопшто не сакал син му да се вклучи во бизнисот за дрога. Поради ова, го испратил да учи во најдобрите приватни училишта и факултети во Мексико, Швајцарија и Шпанија.

Но, тој не го послушал.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg