Така е тоа во животот

taka-e-toa-vo-zivotot-povekjeВо животот без жена не се може, а со жена е уште потешко. Таков е случајот и со мажите. Но, не би било интересно доколку не би функционирале заедно.

 

Ова се интересни факти од животот кој сигурно ќе ве насмеат:

taka-e-toa-vo-zivotot

Бизнис математика

  • Паметен шеф + паметен работник = профит
  • Паметен шеф + глупав работник = производство
  • Глупав шеф  + паметен работник = унапредување
  • Глупав шеф + глупав работник = прекумерна работа

Математика при купување

  • Маж ќе плати 2 евра наместо 1 за нешто што му е потребно.
  • Жена ќе плати 1 евро наместо 2 за нешто коте не и е потребно.

Општа еднаквост

  • Жените се грижат за иднината додека не пронајдат маж.
  • Мажот никогаш не мисли на иднината додека не се ожени.
  • Успешен маж е оној кој заработува повеќе пари отколку што може жена му да потроши. 
  • Успешна жена е онаа која ќе пронајде таков маж.

Среќа

  • За да бидете среќни со маж, морате многу да го разбирате и малку да го сакате.
  • За да сте среќни со жена морате многу да ја сакате и воопшто да не се трудите да ја разберете.

Долговечност

  • Неоженет маж живее пократко од оженет, но оженет маж повеќе сака да живее пократко.

Шанси за измена

  • Жената се мажи и очекува тој да се промени, но тоа нема никогаш да се случи.
  • Мажот се жени и очекува таа да не се менува, а таа секогаш се менува 100%.

Шема на разговор

  • Жената го има последниот збор во било која расправија.
  • Се што ќе каже мажот потоа е почеток на нова караница.

Како да го спречиш прашањето: Кога ќе се жениш?

Стари тетки доаѓале до Перо на сите венчавки, го гледале под око и кокодакале велејќи: “Ти си следен!“. Престанале кога тој почнал да им го прави истото на погреби.

Би можело да ве интересира:

Забавни мемиња кои ќе ви покажат дека сите сме исти (и живееме ист живот) Се топиме во лето ако ја исклучиме климата на 2 минути и ги гледаме нашите објав...
10 (малку навредливи) вицеви кои добро ќе ве насмеат „Другар, колку години ти има девојката? 44 години. Ха-ха, па таа може мајка да м...
„Девојките без филери и вештачки нокти ќе бидат ендемски вид“ и уште 16 кул твитови Госпоѓо, казната за навреда на службено лице е 50 евра. Пиши ми 150 евра, уште н...
11 малку мрачни шеги, кои не се за сечиј вкус Копав во нашата градина и најдов ковчег со злато и сакав да истрчам да ѝ кажам н...
Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Жени кои само сакале да се разубават, но отишле во непроверен салон (фото) Екстензии кои изгледаат како да сте ги ставале сами и трепки кои воопшто не изгл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg