„Девојките без филери и вештачки нокти ќе бидат ендемски вид“ и уште 16 кул твитови

„Госпоѓо, казната за навреда на службено лице е 50 евра. Пиши ми 150 евра, уште не сум завршила“ и уште 16 хит твитови. 

devojkite-bez-fileri-i-veshtachki-nokti-za-nekoja-godina-kje-bidat-zashtiten-vid-01.jpg

Новица Брајовиќ од Подгорица на Инстаграм профилот „Тркачко пиле“ споделува хит твитови, кои слатко ќе ве насмеат.

Некои се малку сурови, но сè е само за забава.

17 забавни твитови:

„Јас ако имам близнаци, едното би го подарила некому, што ќе ми се две исти деца“.

„Зошто не одиш на стоматолог? Се плашам! Од што? Дека немам 500 евра“.

„Добив четворка по ликовно преку ќерка ми. Петто одделение е навистина тешко“.

„Се вртам и си заминувам ладнокрвно, да си се исплачам на страна на раат“.

„Тоа што нема да ме убие, му се залетувам и му давам нова шанса“.

devojkite-bez-fileri-i-veshtachki-nokti-za-nekoja-godina-kje-bidat-zashtiten-vid-02.jpg

„Госпоѓо, казната за навреда на службено лице е 50 евра. Пиши ми 150 евра, уште не сум завршила“.

„Американците на 33 години купуваат свој прв дом, а кај нас на тие години постариот брат добива своја соба затоа што бабата умрела“.

„Јас навистина не знам каде да пронајдам пари за сè што замислив да си купам“.

„Половина здравје е блиските роднини да ти се што подалеку“.

„Кога почнавте да работите во оваа компанија? Кога ми се заканија со отказ“.

„Девојките без силикони и филери, со природна боја на коса и природни нокти за некоја година ќе бидат ендемски вид“.

devojkite-bez-fileri-i-veshtachki-nokti-za-nekoja-godina-kje-bidat-zashtiten-vid-03.jpg

„Каде се гледаш себеси за пет џин тоника од сега?“

„Не ни знаев колку псовки сум знаел, сè додека не започнав да возам“.

„Хит ми е кога бебињата плачат затоа што им се спие... Па, спиј! Кој ти брани?“

„Платата може да ми потрае цел месец само ако тој месец сум во кома“.

„Тоа што знае фризерот и таксистот, не знаат ни луѓето од државна безбедност“.

„Животе, уште една тура детство, ќе те молам!“

С. С. | Црнобело фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Смешна фото-компилација: Подароци што можете да ги добиете само од баба Ранец со слика од Исус, конзерви туна за Божиќ – кој е најлудиот подарок што сте...
Жени кои само сакале да се разубават, но отишле во непроверен салон (фото) Екстензии кои изгледаат како да сте ги ставале сами и трепки кои воопшто не изгл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg