8 факти кои докажуваат дека соништата се навистина фасцинантна појава
Знаевте ли дека и слепите луѓе сонуваат? Добро познат факт е дека тие сонуваат звуци и мириси, но некои експерти се убедени дека дури и оние кои биле родени слепи можат да имаат визуелни соништа.
Соништата се еден од феномените кои сè уште претставуваат мистерија за нас.
Дури ни експертите не се потполно сигурни зошто воопшто сонуваме и која е улогата на нашите соништа.
Во продолжение неколку факти кои покажуваат дека соништата се дефинитвно еден од најфасцинантните феномени:
Некои луѓе имаат црно-бели соништа
Се претпоставува дека околу 12% од луѓето имаат црно-бели соништа.
Се верува дека големо влијание врз ова имаат црно-белите телевизори од минатото. Во анкети спроведувани во 1940-тите и 1950-тите во САД, многу поголем процент од луѓето изјавувале дека сонуваат црно-бели соништа.
Експертите не се сигурни дали ова е точно, но кога ќе земете предвид дека бројот на овие луѓе е намален по појавата на телевизорите во боја, има некаква логика.
Постојат универзални соништа
Иако соништата на секој од нас се уникатни, постојат некои работи што ги сонуваме сите.
Во овие „универзални“ соништа единствено се разликуваат деталите.
Овде спаѓаат соништа во кои паѓаме, смрт на блиска личност, соништа во кои некој или нешто нè брка или напаѓа, соништа во кои ни паѓаат заби…
Не можеме да читаме во соништата
Наводно, додека спиеме, областа на мозокот одговорна за јазикот е помалку активна, па ова значително го отежнува читањето во соништата.
Некои луѓе можат да гледаат зборови, но ова се зборови што ги виделе додека биле будни, односно еден вид проекција на потсвеста.
Сите сонуваме, само некои луѓе не помнат ниту еден сон
Веројатно имате барем еден пријател кој тврди дека никогаш не сонува.
Реалноста е дека и тој ваш пријател сонува, само не ги помни неговите соништа.
Се претпоставува дека забораваме помеѓу 95% и 99% од соништата што ги сонуваме откако ќе се разбудиме.