8 факти кои докажуваат дека соништата се навистина фасцинантна појава
Луѓето со „лесен“ сон почесто ги помнат соништата
Луѓето кои се будат навечер неретко се будат среде фазата на сонување. Во овој случај е поверојатно да го запомнат сонот.
Па, тие генерално почесто ги помнат нивните соништа за разлика од луѓето кои спијат цврсто во текот на целата вечер.
И слепите луѓе сонуваат
Ако некој го изгубил видот подоцна во животот, сосема нормално е да има визуелни соништа како и луѓето кои можат да гледаат. Сепак, постои дебата дали луѓето кои се родиле слепи имаат визуелни соништа.
Кога сонуваме, односно кога сме во РЕМ фазата, нашите очи се движат брзо. Всушност, токму одовде потекнува кратенката РЕМ (анг. REM). Ова е кратенка од фразата Rapid Eye Movement што може да се преведе како брзо движење на очите.
Движењето на очите е поврзано со визуелните соништа.
Бидејќи кај слепите луѓе движењето на очите е многу помало, експертите веруваат дека веројатно немаат визуелни соништа.
Но, некои сметаат дека можеби кај нив движењето на очите не е поврзано со РЕМ фазата, а и некои слепи луѓе тврдат дека имаат визуелни соништа.
Бидејќи тие немаат никакви визуелни сеќавања, она што го „гледаат“ во соништата веројатно наликува на точки светлина или нешто слично.
Сепак, тие дефинитивно сонуваат звуци, но и мириси, како и сензации со сетилото за допир.
Соништата неретко имаат значење
Можеби соништата не можат да ни ја предвидат иднината, но честопати кажуваат нешто за нашата емоционална и психичка состојба.
На пример, сигурно ви се случило кога сте се соочиле со некој сериозен проблем да го сонувате проблемот или нешто поврзано со него.
Мозокот не престанува со работа додека спиеме
Всушност, мозокот е еден од најактивните делови од телото за време на спиење.
Тој мора да го контролира целото наше тело, па никогаш не спие.
Спирова С. | Црнобело