Се оженил со неа заради миразот, во првиот месец од бракот имал 3 љубовници - Тажната приказна на Грејс Кели
Морала да плати мираз во вредност од 2 милиони за да се омажи и да помине тест за плодност, а се шпекулира дека нејзиниот принц не бил толку загрижен за традицијата, колку за празната каса на Монако. Пред да се ожени, Раниер ѝ понудил брак на Мерилин Монро – факти за бракот на Грејс Кели.
По тажните приказни на принцезата Шарлен од Монако, позната како „најтажната принцеза во светот“ и онаа на нејзината свекрва Грејс Кели повторно се шпекулира дека тоа е заради 700 години старата клетва што една жена ја фрлила врз семејството Грибалди.
Постојат повеќе легенди за проклетството на кралското семејство од Монако, но најпозната е верзијата во која Принцот Раниер бил проколнат затоа што киднапирал фламанска жена во 13-иот век. За возврат жената го проколнала со зборовите: „Никогаш, ниту еден потомок на Грималди да не најде среќа во бракот“.
Според друга верзија, пак, принцот бил проколнат од вештерка која била запалена на клада по наредба на принцот.
Иако, за проклетството се знаело долги години, легендите повторно ќе ја заинтригираат јавноста по трагичната смрт на принцезата Грејс Кели која загина во автомобилска несреќа.
Во продолжение повеќе факти за врската на Грејс Кели со Раниер Трети:
Грејс Кели била позната холивудска актерка која во 1956-та година се омажила за принцот Раниер Трети. Нивната љубовна приказна започнала откако се запознале во воз додека актерката патувала на Кански фестивал. Во тој момент Грејс работела на снимањето нa филмот The Swan каде играла принцеза, а по средбата со Раниер почнала да сонува дека навистина ќе стане дел од кралското семејство. По првата средба Грејс Кели и Раниер почнале да разменуваат писма.
Во моментот кога Грејс Кели го запознала Раниер Трети, таа била верена за нејзиното долгогодишно момче, модниот дизајнер Олег Касини, кого го откачила за да се омажи за принцот.
Се верува дека нејзиното семејство не ја прифаќало врската со Олег, по што таа брзо одлучила да почне да се гледа со принцот.
Според традицијата, таткото на Кели морал да остави мираз. Тој бил навреден од барањето на принцот и рекол дека ќерка му не треба да плати за да се омажи, но на крај сепак попуштил и му дал 2 милиони долари на Раниер.
Некои веруваат дека ова не било толку многу заради традицијата, колку што касата на кнежевството била празна и итно му требале пари. Освен што платила за миразот, Грејс Кели морала да помине тест за плодност и да докаже дека може да роди деца. Дури откако било докажано дека е плодна принцот ѝ дал веренички прстен на Грејс Кели.