Се оженил со неа заради миразот, во првиот месец од бракот имал 3 љубовници - Тажната приказна на Грејс Кели

Во 1962-та година Кели повторно сакала да се врати на филмовите и требало да игра во нов филм на Алфред Хичкок. Таа првично објавила дека ја прифаќа улогата, за потоа да информира дека заради тоа што сопругот и децата нема да ја придружуваат нема да биде во можност да игра.

se-ozhenil-so-nea-zaradi-mirazot-morala-da-se-otkazhe-od-karierata-misteriozna-smrt-tazhnata-prikazna-na-grejs-keli-12.jpg

Додека била принцеза Грејс Кели имала неколку свои телевизиски проекти, како драмски читања, читање на текст во документарни филмови, видео снимка за Оскарите во 1968-мата година, но никогаш не се вратила на снимањето филмови.

„Вистината е дека нејзиниот живот беше целосно ограничен – таа беше принцеза затворена во замокот“ – рече нејзината колешка Ли Грант во 2015-та година.

se-ozhenil-so-nea-zaradi-mirazot-morala-da-se-otkazhe-od-karierata-misteriozna-smrt-tazhnata-prikazna-na-grejs-keli-11.jpg

Во јавноста нештата изгледале магично, а во приватниот живот Грејс била мошне несреќна. Уште во првиот месец од бракот Раниер имал три други љубовници, заради што таа се чувствувала понижено и несреќно. Според гласините, за да му се одмазди на Раниер за неверствата, Грејс Кели имала афери со Марлон Брандо и Френк Синатра. Наводно аферата со Синатра била долгогодишна, па дури заедно купиле и куќа во Франција каде се гледале.

se-ozhenil-so-nea-zaradi-mirazot-morala-da-se-otkazhe-od-karierata-misteriozna-smrt-tazhnata-prikazna-na-grejs-keli-03.jpg

Грејс Кели и принцезата Дијана имаа средба за време на настанот кога принцот Чарлс за првпат ја претставил својата нова 19-годишна свршеница. Наводно во женскиот тоалет Грејс Кели ѝ рекла на Дијана:

„Немој да се грижиш, може само да стане полошо“.

se-ozhenil-so-nea-zaradi-mirazot-morala-da-se-otkazhe-od-karierata-misteriozna-smrt-tazhnata-prikazna-na-grejs-keli-10.jpg

Во 70-тите години се шпекулираше дека Грејс Кели има свој стан во Париз каде бега од принцот, а таа одговори на гласините така што рече дека само сака да помине повеќе време со ќерка ѝ Каролин која во тоа време поминуваше низ развод. Две години пред нејзината смрт се појавија шпекулации дека е во врска со 18 години помладиот австралиски режисер Роберт Дорнхелм. Сепак, тие тврдеја дека се само пријатели.

se-ozhenil-so-nea-zaradi-mirazot-morala-da-se-otkazhe-od-karierata-misteriozna-smrt-tazhnata-prikazna-na-grejs-keli-06.jpg

Во септември 1982-ра година Грејс Кели имаше сообраќајна несреќа додека управувала со нејзиниот автомобил покрај Азурниот брег. Според официјалната верзија принцезата најверојатно имала мозочен удар по што загубила контрола над возилото.

Според првичните информации, принцезата не била во животно загрозувачка состојба, а веќе следниот ден информираа дека го загубила животот. Нејзината смрт во голема мера беше предмет на теории на заговори и на шпекулации, а повторно го врати интересот за легендите за проклетството на Грибалди. 

se-ozhenil-so-nea-zaradi-mirazot-morala-da-se-otkazhe-od-karierata-misteriozna-smrt-tazhnata-prikazna-na-grejs-keli-20.jpg

Според една од теориите, со автомобилот управувала нејзината ќерка Стефани и во моментот се расправале. Но, Стефани никогаш не проговори јавно за тоа што точно се случило тој кобен ден.

se-ozhenil-so-nea-zaradi-mirazot-morala-da-se-otkazhe-od-karierata-misteriozna-smrt-tazhnata-prikazna-na-grejs-keli-16.jpg

Раниер почина во 2005-та година, по што беше наследен од неговиот син Алберт Втори, сопругот на Шарлен Грибалди која денес е позната како „најтажната принцеза на светот“.

se-ozhenil-so-nea-zaradi-mirazot-morala-da-se-otkazhe-od-karierata-misteriozna-smrt-tazhnata-prikazna-na-grejs-keli-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Факти за Бил Скарсгард, „кралот“ на хорор филмовите: Имал кошмари од улога, живее како номад Улогата во It го направи светски познат, но вели дека имал кошмари од морничавио...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg