Страдала од постпородилна депресија, не сака брендовите да ѝ плаќаат облека – Факти за Адел кои не сте ги знаеле
Адел е сакана од сите. Дури и оние кои не ја слушаат нејзината музика се импресионирани од нејзиниот инспиративен пат до славата.
За разлика од повеќето славни на кои им е важно вниманието, на Адел поважна ѝ е независноста.
Таа е пејачка која ни докажа дека музиката ѝ најголема страст, па секоја нејзина изведба е навистина емотивна.
Иако речиси се откажа од музичката кариера, Адел реши да продолжи понатаму, па денес таа има нов изглед, нови пријатели, но и нова музика.
Погледнете ги фактите за Адел кои ни станаа познати дури неодамна:
Пејачката прави нова музика и процесот го споредува со терапија
Неодамна, Адел се соочи со голема животна промена – развод.
Во септември 2019-та, пејачката поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг, со кој го има синот Анџело.
Во декември истата година, таа најави дека можеме да очекуваме нешто ново, па дури и се пошегува дека има нов стил.
Соработка со познати артисти
Во минатото постоеја гласини дека Адел планира да соработува со најголемите музички имиња. А сега, кога со сигурност знаеме дека ќе ни покаже нешто ново, можеме само да се надеваме.
Во септември се појавија гласините дека Адел можеби веќе снимала со Бијонсе и Крис Мартин од Coldplay.
Поранешниот премиер на Британија лично ѝ се заблагодари
Навистина сладок гест – поранешниот премиер на Англија ѝ испратил писмо на Адел, во кое ѝ се заблагодарува за нејзината музика.
Тој истакнал дека е прекрасно што постои нејзината музика, во моменти кога државата се соочува со сериозни проблеми.
Се обидува да ја зголеми свеста за постпородилна депресија
За оваа цел, Адел сподели и објава од нејзината најдобра пријателка, која зборува на оваа тема.
Адел е свесна за нејзиното влијание и се обидува да го искористи на најдобар можен начин – да им помогне на сите мајки.
И таа страдала од постпородилна депресија
Адел призна дека и самата се соочила со овој проблем.
Всушност, постпородилната депресија е многу почеста отколку што мислиме, а Адел дава сè од себе да направи нешто во врска со тоа.
Има неколку тетоважи посветени на синчето
Адел навистина сака тетоважи. Пејачката се има истетовирано неколкупати, а двапати во чест на нејзиниот син.
На оваа фотографија се гледа неговото име на нејзината дланка.
Неодамна се спријатели со Дрејк
Кој не би сакал да ја има Адел за пријателка?
Оваа фотографија е од 33-тиот роденден на Дрејк и, очигледно, и двајцата се забавуваат.
Дрејк ѝ е всушност еден од омилените пејачи на а Адел, па не е ни чудно што сакала да го запознае подобро.