Никола Тесла и Исак Њутн никогаш немале односи со жена: 8 чудни факти за познати научници
Стивен Хокинг ја одби титулата витез
Кралицата Елизабета му ја понуди титулата витез на Стивен Хокинг.
Но, физичарот одби, а во интервјуа појасни дека не го сака целиот концепт на титули.
Истакната и дека не му се допаѓа како Британија се справува со буџетот за наука.
Стивен Хокинг организира забава за патници низ времето
На 28-ми јуни 2009 година, познатиот физичар организира забава за патници низ времето.
Неговат идеја беше дека ако навистина постојат луѓе кои патуваат низ времето, ќе знаат кога и каде да се сретнат.
Очекувано, на забавата не дојде никој, по што физичарот изјави:
„Сега имам експериментален доказ дека патувањето низ времето не е возможно“.
Марија Кири спасила многу животи во Првата светска војна
Кога почнала Првата светска војна, Марија Кири паузирала со својата научна работа.
Наместо тоа, се фокусирала на дизајнирање мали амбуланти кои користат радиум со чија помош лекарите правеле едноставни рендгенски снимки.
Овие снимки им помагале да ги лоцираат и отстранат остатоците од куршуми во телата на војниците.
Се проценува дека нејзиниот удел во амбулантите помогнал во спасувањето на илјадници војници.
Опенхајмер зборувал шест јазици
Физичарот Опенхајмер можел да зборува дури шест јазици – грчки, латински, француски, германски, холандски и санскрит.
Холандскиот го научил за шест недели, и тоа само затоа што требало да држи предавање во Холандија.
Спирова С. | Црнобело