Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелина Џоли?
Била мизерна во бракот со Џовани
Како што станувала попозната, Марија станувала и потажна.
Почнала да користи инјекции за слабеење, а направила и операција за да ги затегне рацете.
Станала модна икона и вистинска дива во очите на јавноста.
Но, Џовани не сакал слаби девојки, па често посетувал проститутки.
Притоа, ги трошел и нејзините пари, но Марија била премногу зафатена со кариерата за да забележи.
Имала бурна врска со Аристотел Оназис
Во 1959-та, Марија го запознала Аристотел Оназис и почнале врска, без разлика што и двајцата биле во брак.
Марија сакала да се разведе од Џовани, но тогаш разводот бил нелегален во Италија.
Па, сопругот сакал да ја обвини за неверство.
Марија останала бремена, но Оназис ја натерал да абортира. Таа одбила, но подоцна имала спонтан абортус.
Успеала да се разведе од Џовани, но не била среќна ни со Оназис.
Тој имал многу љубовници, а ја третирал Марија како трофеј – постојано ја шетал и ја покажувал пред моќните и богати пријатели, а не планирал да се венча со неа.
Пробала да изврши самоубиство
Во периодот кога Оназис почнал врска со Џеки Кенеди, Марија го достигнала дното и пробала да изврши самоубиство.
Наместо да ѝ помогне, Оназис ја понижувал, а по некое време станал и физички насилен.
Скандалите со Оназис ѝ ја уништиле кариерата
Оназис успевал да ја „оцрни“ Марија во јавноста и нејзината кариера почнала да се движи во надолна линија.
Иако пробала повторно да се пробие, не успевала.
Таа веќе не била во врска со Оназис, но тој се претставувал како жртва во јавноста и Марија останала потполно сама.
Во последните години од животот била зависна од опијати
По смртта на Оназис во 1975-та, Марија се повлекла од јавноста. Тој период се спријателила со пијанист од Грција кој почнал да ѝ дава опијати.
Марија станала зависна и почнала да се соочува со несоница.
Честопати ги мешала и со алкохол, без разлика што комбинацијата била смртоносна.
Марија останала сама и немала желба за живот.
Последната година од животот ѝ била особено тешка
Марија била дијагностицирана со болест која ги ослабува мускулите. Но, го прекинала третманот бидејќи од лековите се здебелила.
Последната година од животот била речиси постојано сама и само гледала телевизија и жалела за трагедиите со коишто се соочила.
Марија починала на 16-ти септември 1977-ма, на само 53-годишна возраст.
Немала деца, а немала ни партнер, па многумина велат дека Марија починала од скршено срце.
Спирова С. | Црнобело