Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелина Џоли?
Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло од Грција, чиј живот се споредува со грчка трагедија...
За улогата во филмот Maria, многумина на Анџелина Џоли ѝ предвидуваат барем номинација за Оскар.
Во филмот, таа ја глуми оперската пејачка Марија Калас, а дејството се фокусира на последните години од нејзиниот живот.
Животот на Марија, која потекнува од Грција, го споредуваат со грчка трагедија, без разлика што до денес важи за една од најдобрите и највлијателните оперски пејачки.
Таа починала во 1977-ма, на само 53-годишна возраст.
Неколку детали од животот на единствената Марија Калас:
Родителите ја презирале
Марија била родена во 1923 година во Њујорк, а нејзините родители биле доселеници од Грција.
Тие ја добиле Марија откако го изгубиле нивниот син и се надевале дека таа ќе биде замена за него.
Имено, некој астролог им кажал дека мртвиот син ќе се реинкарнира во новото дете.
Но, кога се родила Марија, биле разочарани што е женско и не сакале ѝ обрнуваат внимание.
Извесен период не сакале ни да ѝ дадат име, но на крај се одлучиле за Софи Сесилија Марија Ана.
Мајка ѝ пробала да ја проституира
Кога Марија имала 13 години, нејзините родители се развеле.
Со мајка ѝ и сестра ѝ, тогаш Марија се преселила во Атина. Овде живееле во сиромаштија и извесен период немале ни дом.
Кога почнала Втората светска војна, мајка ѝ станала проститутка, а пробувала да ја продаде и Марија на италијанските и германски војници.
Но, наместо тоа, Марија им пеела на војниците кои биле восхитени од нејзиниот глас, па ѝ давале пари.
Имала 3 работни места пред да стане оперска пејачка
По крајот на Втората светска војна, Марија се вратила во Њујорк.
За да се издржува, имала три работни места – била дадилка, келнерка, како и асистентка на пензионирана оперска пејачка.
Овој период почнала афера со гангстер од Њујорк кој воедно бил сопруг на оперска пејачка.
Па, токму таа ѝ давала часови по пеење.
Се венчала со мажот што ѝ помогнал да стане славна
Кога била забележана од директор на музички фестивал во Верона, Марија добила понуда за договор.
Таа ја прифатила, па тргнала со брод кон Италија.
Кратко откако пристигнала, тогаш 23-годишна Марија го запознала Џовани Батиста.
Џовани имал 52 години и имал фабрика за тули, но многу сакал опера. Се согласил да ѝ биде менаџер, а Марија сакала и да се венча со него.
Бидејќи тој не сакал, таа го уценувала – му рекла дека ако не се венчаат, никогаш повеќе нема да пее.
Па, во 1949-та, тие стапиле во брак.