Станал алкохоличар на 15 години: Факти за актерот кој го глумеше Алехандро во серијата „Руби“
Славниот мексикански заводник Едуардо Сантамарина водел бурен и турбулентен живот, а алкохоличар станал уште на 15 години. Самиот има изјавено дека ги изневерувал буквално сите негови партнерки, пред да стапи во брак со сегашната сопруга.
Ѕвездата на голем број теленовели кои се емитуваа во Македонија, Едуардо Сантамарина, за брзо време стана миленик на понежниот пол.
Нашата публика најдобро го памети како Алехандро во серијата „Руби“.
Љубовната приказна Руби - Алехандро имаше трагичен епилог, нешто на што не бевме навикнати кога стануваше збор за латиноамериканските сапуници.
Оваа теленовела се емитуваше во 2004 година, а Едуардо и денес е голема ѕвезда во Мексико, каде и понатаму снима и работи на нови проекти.
Денес има 54 години и понатаму изгледа шармантно и заводливо.
Многупати во своите интервјуа има зборувано и за проблемите со алкохолот, од кој станал зависен уште на 15 години.
Бил исклучително срамежливо момче, а неговиот прв алкохолен пијалaк го направил поопуштен во друштво и токму затоа се навлекол.
Одвикнувањето од оваа зависност за него била една од најтешките битки кои ги водел.
„На почетокот беше убаво и јас навистина се забавував. Но, на крајот стана ужасно, го допрев дното, тоа е болест“, изјави Едуардо.
Тој исто така призна дека ѝ бил неверен на секоја партнерка пред да стапи во брак со колешката Мајрин Вилјануева, со која ја имаат ќерката Хулија.
Од претходниот брак има и два сина, Хосе Едуардо и Роберто Мигел.
Вели дека поради проблемите со алкохолот почнал да ги изневерува партнерките, но и дека не користел заштита при сексуални односи - нешто со што воопшто не се гордее.
Токму преку примерот на своите лоши искуства, се труди на своите деца да им укаже на многу опасности и ризици.