Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана
Мајкл честопати има зборувано за неговата мајка по телевизии и со медиуми, а го има опишано и денот кога дознал за нејзината смрт.
„Тоа беше повикот од којшто со години се плашев. Тoа утро зборував со неа. Кога ми се јавија, ми рекоа: ’Мајкл, стоиме покрај мртвото тело на мајка ти‘.
Дури и денес ми се насолзуваат очите кога помислувам на тоа, бидејќи со мене беа моите дечиња. Си реков ’Нема да дозволам моите деца да го живеат животот што го живеев јас‘“.
Тој има напишано и книга за мајка му - My Mother the Godmother.
Мајкл одлучил дека ќе стави крај на секаква врска со бизнисот на мајка му по нејзината смрт.
„Тогаш, во тој момент се прашав во каков свет пораснав, целото семејство ми е мртво. Моите браќа се мртви, татко ми исто така и само што ја убија мајка ми.
Повеќе не сакам да бидам во овој живот бидејќи не сакам моите деца да ја наследат оваа клетва“, има изјавено во реалното шоу.
Моментално Мајкл живее во Мајами со сопругата и трите деца.
Кратко пред да излезе серијата Griselda, Мајкл најави тужба против Нетфликс.
Тој ја критикува трансформацијата на Софија Вергара за серијата бидејќи верува дека намерно ја направиле многу грда. Според него, ова е навреда за мајка му и истакнува дека актерката и Нетфликс не би поминале лесно доколку Гризелда била жива.
„Мајка ми беше убава жена и лудо е што луѓето мислат дека требало да изгледа како зависник од дрога. Фактот што ја нарекуваат ’грда‘ ме навредува.
Луѓето ги гледаат полициските фотографии и од неа и оттаму донесуваат заклучок. Но, ако ја прочитате мојата книга, ќе дознаете дека мајка ми ја нарекувале порцеланска кукла во младоста.
Градоначалници, гувернери и политичари од разни земји пробуваа да ја освојат… Дури и овде во САД. Отсекогаш беше убава жена“, изјави тој за Daily Mail во јануари годинава.
За Мајкл било уште поболно што Софија Вергара самата е од Колумбија, исто како мајка му, но и фактот дека од Нетфликс не се консултирале со него пред да ја снимаат серијата.
Спирова С. | Црнобело