Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана
Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на таканаречената кралица на кокаинот, најави тужба против Нетфликс. Според него, мајка му во серијата е претставена како грда жена и ова го повредило и навредило.
Мајкл Корлеоне Бланко е единствениот од четирите сина на Гризелда Бланко кој е жив. Останатите тројца биле убиени уште додека биле многу млади, но не е точно познато во какви околности ги изгубиле животите.
Мајкл е најмалиот од четворицата браќа, како и единственото дете што Гризелда го добила со Дарио Сепулведа.
Во продолжение, неколку факти за неговиот живот:
Детството и тинејџерските години Мајкл ги поминал со роднини и легални старатели бидејќи овој период мајка му Гризелда била во затвор.
Откако мајка му била депортирана во Колумбија во 2004-та, Мајкл не ја гледал. Но, според некои извори, редовно се слушале по телефон.
Додека мајка му била лидер на најмоќниот картел во светот, Мајкл се судрил со законот само еднаш.
Во 2012-та, неколку месеци пред мајка му да биде застрелана и убиена, Мајкл бил уапсен за купување дрога.
Имено, тој пробувал да купи пет килограми кокаин со 10.000 долари кеш. Го фатиле бидејќи дилерот всушност бил детектив.
Потоа Мајк го основал брендот Pure Blanco.
Генерално, преку брендот тој промовира раскошен начин на живот инспириран од картелот на мајка му, продавајќи облека, но и продукти со марихуана.
Во 2019 година, Мајкл беше дел од ријалити шоуто Cartel Crew кое се емитуваше три сезони и заврши во 2021-ва.