„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ
„Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека во секој натпревар, бучавата ја прави публиката, а не играчите“. Ова е еден од попознатите цитати на Жарко Лаушевиќ. Проследете уште неколку негови мудрости што ќе допрат до секого.
Српскиот актер Жарко Лаушевиќ почина на 63-годишна возраст по кратко и тешко боледување, а освен што се истакна на театарската сцена и на големото платно, тој успеа да остави 3 книги зад себе, во коишто го покажа својот вонвременски талент за пишување.
Тој, по годините поминати во затвор за двојно убиство, напиша 3 книги.
Во 2011-та година Жарко ја објави книгата „Godina prodje, dan nikad“, во 2013-та година беше објавена книгата „Druga knjiga – dnevnik jedne robije“, а во 2018-та година ја објави книгата „Prođe sve, pa i doživotna“.
Првата книга е сконцентрирана на првите години од неговиот живот, сѐ до моментот кога ја доби пресудата за двојно убиство, втората ги опфаќа годините по пресудата, а во третата се собрани извадоци од неговите дневнички записи.
Голем број од неговите цитати често се споделуваат на социјалните мрежи.
Во продолжение да погледнеме неколку од нив:
1. „Кога некој ќе се обиде да ве повреди, прашајте го едноставно: 'Што е тоа што толку многу те боли во твојот живот, па мислиш дека ќе ти помине ако ме повредиш мене?!'“
2. „Понекогаш доаѓа време кога едноставно се повлекуваш од сите... Па и од оние што толку многу ти значат... Ги уверуваш дека си одлично... И ги оставаш да бидат среќни далеку од тебе“.
3. „Кога ќе најдеш личност што се смее, а под нејзината насмевка се кријат илјадници солзи, чувај ја. Добро чувај ја таа личност. Тие личности вредат, таа насмевка е најубава, затоа што во неа е вложена сила. Тие личности се силни. Таа личност никогаш нема да дозволи тебе да ти се случи тоа што нејзе ѝ се случило“.
4. „Моето молчење не значи дека не знам што зборуваат луѓето зад мојот грб. Моето молчење е знак дека тие не го заслужуваат мојот коментар“.
5. „Велат: ‘Кој ќе нарача, тој и плаќа’. Многумина не го нарачале ваквиот живот, а плаќаат со најскапата валута што се вика ‘време’“.
6. „Не ми треба ништо. Не боли. Мене и срцето ми го кршеа и душата ми ја вадеја без анестезија, па преживеав“.
7. „Во добро сите се тука, а кога доаѓаат тешките времиња сите бегаат. Изгледа не сакаат да го носат товарот на другите за којшто не се плаќа“.
9. „Оние што длабоко сакаат никогаш не стареат; ако умрат од старост, умираат млади“.
10. „Човекот е многу добар адвокат за сопствените грешки и одличен судија за туѓите“.
11. „Пандорината кутија не е ништо за сето она зло што се крие во луѓето“.
12. „Ако ноќва е најлошото, утре може да биде само подобро“.
13. „Малата надеж носи голема среќа, додека големата надеж носи уште поголемо разочарување“.
14. „Пронајди срце што ќе те сака кога си најлош и раце што ќе те чуваат кога си најслаб“.
15. „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека во секој натпревар, бучавата ја прави публиката, а не играчите“.
Прочитајте и Беше осуден за двојно убиство, се бори со тешка болест на белите дробови – Факти за актерот Жарко Лаушевиќ
Б. С. Б. | Црнобело