Почина познатиот српски актер Жарко Лаушевиќ - Не ја победи тешката болест
- Детали
- среда, 15 ноември 2023
Жарко Лаушевиќ не ја извојува битката со тешката болест. Неговото семејство за српските медиуми потврди дека актерот починал во 63-тата година од животот, по кратко и тешко боледување.
Вестите за смртта на српскиот актер Жарко Лаушевиќ денес (15.11) ги потврдија членовите на семејството.
За последен пат јавноста имаше можност да го види Жарко на премиерата на филмот „Хероји Халијарда“ каде се појави видно исцпрен и ослабен, откако претходно еден месец беше сместен во болница заради тешко заболување на белите дробови.
Според пишувањата во српските медиуми, актерот боледуваше од рак на белите дробови.
Тој се прослави во 80-тите години на минатиот век кога играше во голем број југословенски филмови, а неговата кариера беше прекината на почетокот на 90-тите години.
Беше осуден за двојно убиство и помина повеќе од 4 години во затвор. Долги години живееше во САД, а откако се врати во Србија, повторно ѝ се посвети на глумата.
Прочитајте и Беше осуден за двојно убиство, се бори со тешка болест на белите дробови – Факти за актерот Жарко Лаушевиќ
Б. С. Б. | Црнобело